Секој маж треба да се „разведе“ од својата мајката пред да се ожени...

Мажи, заборавете на изјавите „Иста си како мајка ми“, „Мајка ми знаеше подобро“, „Мајка ми никогаш не го правеше тоа“... Вашата сопруга не ви е мајка, па затоа, не ја споредувајте со неа.

sekoj-mazh-treba-da-se-razvede-od-svojata-majkata-pred-da-se-ozheni-01.jpg

Драги жени, ако мислевте дека вашиот маж е независен човек на кого не влијание неговата мајка - веројатно сте во голема заблуда.

Досега веројатно не сте забележале дека мажите наследуваат многу од своите мајки и тоа го покажуваат истражувањата. Оттука доаѓа и нивната поврзаност. Затоа се големи шансите дека во својот маж ќе го пронајдете сето она што го мразите кај неговата мајка.

Секако, неговата мајка секогаш треба да има посебно место во вашиот живот. Секоја жена треба да го почитува тоа, но не сите сме родени за да можеме да се сложуваме едни со други. Понекогаш луѓето не се согласуваат со сопствените родители, па зошто тогаш да мора да се сложуваат со туѓите?

Без разлика дали мажот се оженил во раната младост или на постара возраст, колку време и да поминал дома, живеејќи со родителите (поточно со мајка му), тој „попримил“ многу од неа. Таа е првата женска фигура во неговиот живот која ги претставува сите останати женски фигури и со која ќе ги споредува другите жени.

sekoj-mazh-treba-da-se-razvede-od-svojata-majkata-pred-da-se-ozheni-poveke-02.jpg

Ако неговата мајка ситничари за сè, тој ќе си помисли дека сите жени се такви. Ако мајка му често „му мрчи“ (за негово добро), тој ќе си помисли дека сите жени се родени само за да коментираат и критикуваат.

Според тоа како неговата мајка се однесувала кон него, каква слика си создал тој за жените во неговата глава, и како денес ги споредува мајка си и сопругата, во голема мера ќе се одрази на неговиот брак.

Мажите мора да сфатат дека сите жени се различни и треба да се „разведат“ од мајка си во моментот кога ќе решат да стапат во брак.

Мажи, заборавете на изјавите „Иста си како мајка ми“, „Мајка ми знаеше подобро“, „Мајка ми никогаш не го правеше тоа“, „Стануваш иста како мајка ми“.

Вашата сопруга не ви е мајка, па затоа, не ја споредувајте со неа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg