Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот)

Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубовта. А, меѓу нив е и вашето омилено годишно време. Што открива тоа за вас?

omilenoto-godishno-vreme-otkriva-kakvi-ste-vo-ljubovta-no-i-kakov-vi-e-karakterot-01.jpg

Годишното време во кое се чувствувате најубаво открива многу за вас, за вашите афинитети, карактерот, па дури и за вашите емоции.

Дознајте што открива вашата омилена сезона за тоа каков ви е карактерот и какви сте во љубовта:

Пролет

Вие сте од оние луѓе кои сакаат да имаат бурен и исполнет социјален живот, но и покрај тоа приоритет ви е да се одморите и да се наспиете.

Вашите амбиции осцилираат и се менуваат од летаргија и апатија, до огромна возбуда.

Ништо не правите половично, па кога ќе наумите нешто, нема сила што ќе ве спречи.

А такви сте и во љубовта - кога сакате, сакате со цело срце и безусловно.

Вас не ве интересираат површни односи.

Лето

Вие сте авантуристички тип кој е секогаш подготвен за предизвиците што ги нуди животот.

Често го менувате и работното место, но и местото на живеење. Поради ова, некои луѓе сметаат дека сте нестабилни, но поради вашиот карактер вие само барате соодветен придружник.

Често наидувате на недоразбирање од околината, но вие добро ја знаете вашата цел.

Не се задоволувате со ништо помалку од она што верувате дека навистина го заслужувате.

А додека сте во потрагата по идеален партнер, може да се случи да се разочарате, поради што лесно влетувате од врска во врска.

И покрај тоа, не се откажувате бидејќи верувате дека еден ден ќе ја сретнете личноста која ќе биде вистинската за вас.

omilenoto-godishno-vreme-otkriva-kakvi-ste-vo-ljubovta-no-i-kakov-vi-e-karakterot-02.jpg

Есен

Вие сте огромен романтичар, кој е омилен во друштвото. Луѓето го обожаваат вашиот карактер и ѝ се восхитуваат на вашата внатрешна убавина.

Насмеани сте и оптимисти, дури и кога ќе наидете на огромни животни пречки.

Оние што не ве познаваат, за вас мислат дека сте затворена личност, но го менуваат мислењето штом ќе ве запознаат подобро.

Меѓутоа, кога се во прашање емотивните врски, не му дозволувате секому да влезе во вашиот личен простор и да ве запознае.

Многу внимателно го избирате секој партнер и не се впуштате лесно во врска.

Зима

Вие сте од оние личности кои уживаат да бидат окружени со многу луѓе. Лесно склопувате нови познанства, а ја презирате самотијата.

За вас љубовта е движечка сила и смисла на животот, па како да не знаете како да функционирате ако покрај себе немате партнер.

Во љубовта сте искрени и лојални, и токму затоа овие особини ги очекувате и од спротивната страна.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg