Никогаш не се откажувајте

nikogas-ne-se-otkazuvajte-povekjeВинстон Черчил 3 години се мачел да заврши осмо одделение во основно училиште затоа што учењето на мајчиниот англиски јазик му одело многу тешко.


Звучи по малку иронично што популарниот Оксфордски универзитет го повикал неколку децении подоцна да одржи говор на доделувањето на дипломите на идните дипломати.

Черчил на оваа пригода дошол со вообичаените реквизити: цигара, бастум и шешир.

Додека се приближувал кон подиумот, целата сала станала на нозе и громогласно го поздравиле.

Со препознатливиот говор на телото, ги смирил присутните и самоуверено застанал пред нив. Ја извадил цигарата од уста и се придвижил кон говорницата.

Черчил без да трепка гледал во публиката полна со исчекување.

Од него проговорел авторитативен глас: „Никогаш немојте да се откажувате!

Поминале неколку секунди пред да се поткачи на врвот на прстите и да повтори: „Никогаш немојте да се откажувате!

Неговите зборови одѕвонувале во ушите на присутните.

Во салата владеела гробна тишина, додека Черчил со шеширот, бастумот и цигарата се симнувал од бината. Неговиот говор бил завршен.

Би можело да ве интересира:

„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
Како денот ми стана „потоп“ затоа што не ја прочитав временската прогноза? Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој ...
Од кога скапата кожена јакна и брзината на мотоциклот кажуваат за тоа каква девојка тој треба да има... Понекогаш се прашувам: „Што е со нас луѓето? Каде сме си го загубиле компасот, п...
Работи што ги правевме на фиксните телефони, а денешните деца не можат да ги сфатат Се сеќавате ли колку ни беше поедноставно детството? Немавме мобилни телефони со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg