Работи кои ги научив во 20-тите години

Обожавам да читам романтични новели и навистина би било прекрасно ако работите завршуваа со реченицата: „и си живееја среќно до крајот на животот...”.

raboti-za-ljubovta-koi-gi-nauciv-vo-20tite-godini 1

Но, дури во 20-тите сфатив дека работите се многу поинакви. Сите сме ги поминале оние мали транзиции почнувајќи од заљубување, скршено срце, разочарување, солзи, смеа и на најразлични начини се обидуваме да го сфатиме што е можно повеќе зборот ЉУБОВ.

Во 20-тите учиме дека е време самите да донесуваме одлуки и некогаш тие ќе бидат правилни, а некогаш погрешни. Од овие години научив дека е во ред да бидеме себични и некогаш да мислиме во сопствена корист, бидејќи во овој период сѐ уште откриваме кои сме навистина како личност.

Кога станува збор за љубовта, грешките кога тогаш ќе бидат направени. Но зарем можеме да научиме вредна лекција, без да преземеме ризик? Мислам дека тоа не е возможно.

Работите се случуваат кога најмалку ги очекуваме и да секако дека ќе се заљубите во некој кој ни малку не ја заслужува вашата љубов. Но такви се 20-тите.

Сфатив дека не постои совршенство. Колку побргу се ослободите од талкањето по Господинот Совршен, толку побргу ќе пронајдете некој кој ќе ви покаже колку е прекрасно несовршенството.

d2284d1a62f0ad75692bb1e7506fbfd9

За да стигнете до таму, поминете ги 20-тите, но бидете претпазливи. Ќе има периоди кога вашето размислување константно ќе се менува и моменти кога навистина нема да знаете што сакате од животот. Понекогаш ќе ве фаќа паника дека ќе останете сами, но токму и тоа направете го. Не се впуштајте во врска и бидете слободни, осознајте го светот околу вас и научете повеќе за себе.

Од 20-тите научив дека не можам да натерам некој да се заљуби во мене, ниту да ме сака онака како што јас го сакам. Љубовта не можете да ја форсирате, доколку таа не е согласна.

Ниту пак можете да направите да стигне побргу до вас, а знаете ли зошто?

Затоа што сега сте во 20-тите и го имате цело време на светот за да ја пронајдете љубовта.

М.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg