Одвојте 2 минути и прочитајте ја приказната која никогаш нема да ја заборавите

Поучна приказна за двајца браќа кои имале некои несогласувања и не зборувале, ниту сакале да се видат, сè додека еден столар не го решил проблемот на најнеочекуван начин.

prikazna-sto-ke-ja-procitate-za-2-minuti-no-ke-ja-zapomnite-zasekogas-01

Си биле двајца браќа кои живееле на две одделни фарми, но во близина една до друга. По 40 години заеднички живот, првпат биле сериозно скарани.

Сè почнало со мало недоразбирање кое водело до голема караница и груби зборови, кои предизвикале неколку месечен молк.

Еден ден, на вратата на постариот брат затропал столар со алат кој барал работа. Тогаш братот се досетил дека му треба токму таков човек, кој ќе направи ограда помеѓу двете фарми разделени со поток, за да не мора веќе никогаш да го гледа неговиот брат.

Столарот сфатил за што се работи и го замолил братот да оди до градот за да докупи материјал, а тој да остане да работи.

Приквечерта, кога братот се вратил со потребните материјали, го видел столарот дека седи како да ја завршил работата, но оградата нигде не можел да ја види.

Всушност, наместо ограда, столарот изградил дрвен мост преку потокот кој ќе ги поврзува двете фарми и двајцата браќа.

Од другата страна на мостот се приближувал помладиот брат со раширени раце кон постариот. „Навистина си посебен човек кога направи мост, после сè што ти нареков и направив“.

Браќата полека тргнале еден кон друг во прегратка. Тогаш го виделе столарот како си заминува.

„Еј, почекај! Остани уште неколку дена кај нас, има уште многу работи кои би можел да ги направиш“ – рекол постариот брат.

„Со задоволство, но морам да направам уште многу мостови...“ – одговорил столарот и заминал.

Секогаш пред да одлучите, размислете дали треба да ставите ограда или мост помеѓу вас и блиските луѓе!

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Поучна кинеска приказна: Секое добро не е за добро и секое лошо не е за лошо Сè што се случува околу нас е комплексен процес. Невозможно е однапред да знаете...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg