Дали сме способни да го разбереме јазикот на воздишките?

Во текот на моето постоење научив дека луѓето имаат многу начини да се разберат помеѓу себе. Безразлика дали стануваше збор за бакнеж, за див секс во петочна вечер или пак за тивок шепот на уво како романтичен довик, научив дека луѓето ја имаат моќта да ги излеат своите чувства без да изговорат еден единствен збор.

prikaznite-koi-bea-zapecateni-vo-vozdiskite-01

Она што беше интересно е дека можеа да го користат и да се разберат најдобро со најкомплицираното средство за комуникација, јазикот, а честопати им се случуваше да ги пропуштат очигледните знаци во она што би требало да биде попримитивно од говорот.

Тој ден седев во дворот и ги гледав луѓето наоколу, имаше сонце на небото и децата играа наоколу, беше прилично топол ден, несвојствен за есен. Јас занесен размислував за воздишките на секој човек и  нивното значење бидејќи се почесто со текот на моето растење се среќаваа во моето секојдневие.

Уште од најмала возраст се запознав со воздишката на лутењето, беше кратка и остра, исто како и расположението кое се јавуваше кај луѓето кога беа налутени. Ја користеа често кога сакаа да негодуваат, да се прават важни и да покажат дека светот нешто им згрешил. Беше можеби една од најнепосакуваните, но беше и една од најчестите кои се среќаваат во секојдневното постоење.

Една од моите омилени, ја нарекував воздишка на љубовта, се случуваше секогаш кога ги испраќав девојките до дома и кога ќе речевме збогум, иако знаев дека повторно ќе се видиме наредниот ден, испуштав една воздишка, нежна и наивна, искрена како жал за нашата разделба. Чекав еден момент и ја слушав истата таа воздишка од спротивната страна. Воздишка која ми ги поместуваше органите и ме правеше да изгледам смотано.

Луѓето исто така воздивнуваа кога им беше смачено од сѐ и тоа го правеа длабоко од дното на душата, испуштајќи еден тон кој значеше болка, а сето тоа со надеж дека токму во тие секунди од нивното постоење ќе исчезнат сите проблеми со таа воздишка која јас ја нарекував воздишка на олеснувањето. Без да мораат да кажат колкав е нивниот товар, тоа можеше да се почувствува од длабочината на таа воздишка.

Воздишките, беа најчести за време на врелите игри во креветот, длабоки, со емоции, најчесто беа потполно искрени, топли, нежни. Воздишки кои те тераат да заборавиш кој си и од каде си дошол, воздишки кои те земаат од земниот свет и те носат во портите на рајот, барем на кратко. Скришни воздишки кои често беа споделувани од две тела кои правеа взаемен грев на сласта.

Луѓето воздивнуваа кога чувствуваа тага, кога некој им недостига, кога не можеа да се помират со тоа што се случило, луѓето често зборуваа преку воздишки, суптилно без никој да разбере.

Во мојата  глава имаше сензор за сите воздишки, некои беа полни тага, некои беа полни со надеж, а некои пак полни со лутина. Луѓето честопати го зборуваа тој нестандарден јазик, иако другите го испуштаа тоа нивно излагање јас често се инспирирав од таа скришна комуникација.

Воздишките раскажуваа приказни, можеби не толку многу како и сликите, но доволно за да се открие внатрешноста на еден човек. Зборуваа за скриените емоции, за огромните соништа и за сите тајни кои обично ги криеше секојдневниот човек.

Тие се патоказ до душата на секој еден што постои, но дали сме способни да ги читаме скриените пораки кои ги носат воздишките?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg