Вели мрази романтика, а срцето ѝ плаче, барем да ѝ го запомни роденденот

Сигурно и вие познавате некоја од оние жени алергични на внимание, нежност и романтика.

veli mrazi romantika a srceto i plache konechno barem da i go zapomni rodendenot

Тие мразат романтика... Не сакаат лигавење, симнување ѕвезди и опсипување со внимание. Сето тоа е клише, тоа е невидена патетика, па како можат луѓето така да функционираат? И толку многу пати некои жени го повторуваат ова до истоштување, што на крајот дури и ќе им поверувате.

Си велите, во ред, не сме сите од истиот ков. Се чудите како некој не сака да се чувствува сакано, значајно, ценето, но ајде, може вие сте од оние нежни жени на кои им е потребно тоа, можеби тие се лавици кои ако добијат цвет на подарок веднаш развиваат дебата за родова еднаквост, права и апсолутна одбивност кон тоа некој да ги третира како понежниот пол.

Но, по години функционирање на ваков начин, во врски каде острите зборови се дел од секојдневната комуникација, а заборавените родендени се редовна практика секоја година, врски во кои отстрана изгледа како да не се сакани доволно и како тие да влечат олово сами за во двојка да го дочекаат новото изгрејсонце, тие сепак тврдат дека се сосема задоволни и дека тоа е начинот на функционирање кој си го посакуваат себеси.

Сѐ додека во нивниот живот не пристигне еден маж...

Маж од тие алтаните, маж што знае како се третира жената што ја сакаш. Тој знае дека малите гестови имаат огромна моќ и ја опсипува оваа жена со такво однесување. Вам веднаш ви се пали црвениот аларм, леле, ќе го „откачи“, ќе ја загуши, па таа мрази романтика.

И додека се мачите со оваа мисла на ум, ја гледате неа како се радува како дете и на црвени рози и на чоколади во форма на срце и на слатки пораки залепени на фрижидерот. Преку ноќ како да стана друг човек. Вљубени фотографии, одмори во двојка, слатки изненадувања, сето тоа што до вчера беше на тапет, сега ѝ е на пиедестал.

И не, не се случи чудо и преобразба од корен. Таа сето изминато време ја потиснувала желбата да биде потопена во внимание од само една причина – само затоа што мажите со кои била никогаш не се потрудиле доволно за да ѝ го овозможат тоа. Сама се лажела дека мрази такви работи со цел да не си легнува фрустрирана.

Да беше вистински алергична на романтика, сигурно гласно и јасно ќе му нагласеше на новиот тип во животот. Но, таа остана нема за критика и никогаш не блескала повеќе од сега.

И зошто лажење себеси и лажење на другите? Па не е воопшто страшно да кажеш дека душата ти гори конечно и тој да ти приреди едно изненадување на роденденот, да ти го запомни омилениот бренд на чанти или пред пријателите да раскаже како сте се запознале.

Смешно е да кажеш дека си задоволна што му е поважно да го изгледа второто полувреме од фудбалскиот натпревар отколку да претрча до аптеката и да ти купи лекарства за ужасната настинка, а притоа да изненади со три лимончиња плус.

Не сакаш ти кретени, на кретени си наишла, па си се лажела дека кретени сакаш! Овој од тие фините, здодевните, „никаквите“ некако како добро да ти „легна“, зарем не?!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ќе ме сакаш ли и кога ќе бидам неслатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење? Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мисл...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg