Сè што ќе позајмиш врати го назад - едноставна формула за успешен живот

Кога ќе ве прашаат која е формулата за успешен живот – каков одговор им нудите на луѓето?

Ednostavna-formula-za-uspesen-zivot-01.jpg

Што ве прави среќни? Дали се тоа пријателите, кариерата, парите, семејството?

Доколку сте од оние кои сè уште веруваат во љубов и добрина, во простување и молчење во тишина кога сите зборови се одвишни, дефинитивно треба да ги прочитате овие 23 мали правила кои ја образуваат формулата за едноставен и успешен живот.

И можеби, само можеби, ќе се разбудите со насмевка и доволно енергија да го промените светот, но пред сè останато, себеси:

Заработувај повеќе, троши помалку.

Врати назад сè што ќе позајмиш.

Престани да ги обвинуваш другите луѓе.

Признај си ја вината кога ќе направиш грешка.

Дади ги алиштата кои не ги носиш повеќе во добротворни цели.

Направи нешто добро без да очекуваш јавна пофалба за тоа.

Повеќе слушај, помалку зборувај.

Секој ден пешачи барем 30 минути.

Стреми се кон успех, не кон совршенство.

Обиди се да стигнеш секаде на време. Не барај оправдувања.

Не се расправај. Организирај се.

Биди љубезен со нељубезни луѓе.

Дозволи им на оние со реална потреба да поминат преку ред пред тебе.

Одвои малку време за себе.

Развивај добри манири на однесување.

Биди скромен/скромна.

Сфати и прифати дека животот не секогаш е фер.

Научи кога да ја држиш устата затворена.

Помини цел еден ден без да искритикуваш некого или нешто.

Учи од минатото. Планирај за иднината.

Живеј во сегашноста.

Не се потресувај за ситници.

Тоа се само ситници.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg