10 интересни факти за Охрид: Тајната за изработката на охридскиот бисер дошла од Русија, ја знаат само две семејства

Уникатната флора и фауна го прават Охридското Езеро еден од најголемите биолошки резервати на Европа. Уште првите научни истражувања, открија и потврдија дека во него, како едно од најстарите езера на нашата планета, се зачувал прастар жив свет кој во други места воопшто не постои или пак се среќава само во форма на фосили. Ги знаете ли овие факти за Охрид?

interesni-fakti-za-ohrid-samo-dve-familii-ja-znaat-izrabotkata-na-biseri-ezeroto-staro-nad-chetiri-milioni-godini-i-postoi-ushte-pred-pojavata-na-chovekot-01.jpg

Како колевка на писменоста и жариште на вербата и религијата, заедно историското и археолошкото богатство, Охрид гордо го носи епитетот „бисерот на Македонија“ и важи за еден од најзначајните македонски и балкански градови.

Убавината на езерскиот брег привлекува голем број на туристи, но овој град изобилува со историски и природни чуда кои вредат за се запаметат.

Дали знаевте дека само две охридски фамилии знаат како се изработуваат надалеку прочуените бисери и дека езерото постои уште пред да се појави човекот? 

Издвојуваме неколку интересни факти за градот кој Цар Самоил го избра да биде седиште на неговото царство.

Охридското Езеро е старо над четири милиони години

Охридското Езеро почнало „да живее“ уште пред појавата на човекот.

Според професорот д-р Синиша Станковиќ, долгогодишен истражувач на езерото, тоа е старо околу четири милиони години.

Настанало во дамнешните геолошки епохи со тектонско поместување на почвата.

Денес, во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро.

Можеби, единствено Тангањика во Африка и Титикака во Јужна Америка настанале во ист геолошки период.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-03.jpg

Охридското Езеро е еден од најголемите биорезервати во Европа

Уникатната флора и фауна го прават Охридското Езеро еден од најголемите биолошки резервати на Европа. Уште првите научни истражувања, кои во Охридското Езеро беа вршени во текот на XIX век, открија и потврдија дека во него, како едно од најстарите езера на нашата планета, се зачувал прастар жив свет кој во други места воопшто не постои или пак се среќава само во форма на фосили.

За езерото карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми.

Рибната фауна на Охридското Езеро ја сочинуваат 17 видови, кои им припаѓаат на три групи: пастрмки, бели риби и јагули.

Десет вида меѓу охридските риби се ендемични. Меѓу најпознатите ендемични видови риби, кои го населуваат само Охридското Езеро се пастрмките: летница и белвица.

Покрај јагулата, кленот, крапот, мрената, скобалот и моранецот, живее и малата риба плашица.

Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата ширина е различна – од максимална 15km до средна ширина од 11km.

Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5km од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151m.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-08.jpg

Животот во Охрид почнува 6.000 години пред нашата ера

На бреговите на Охридското Езеро се пронајдени населби кои датираат уште од прастари времиња.

Според археолошките истражувања брегот на езерото е населуван уште во неолитскиот период, младото камено време, 6.000 години пред нашата ера.

Од ова време, во рамничарскиот дел на Охрид, во неговото северно предградие Долно Трново, откриена е неолитска населба со богат археолошки материјал.

Археолошките наоди потврдуваат дека на езерското крајбрежје во центарот на Охрид имало праисториски наколни живеалишта.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-05.jpg

Први познати жители во областа на Охридското Езеро биле Бригијците (Фригијците) и Енхелејците, од коишто подолго време доминирале Енхелејците.

Овие пак, според Херодот и Аполодор, не биле Илири туку нивни најблиски соседи. На овој простор подоцна се спомнуваат Десаретите, а градот Лихнид како главен град на областа Десаретија.

Повеќе векови од I милениум пред нашата ера, на десетина километри северно од Охрид, во близина на денешниот меѓународен Аеродром, егзистирала моќна населба со непознато име, на која и припаѓа богат археолошки материјал (златни маски, златни сандали, златни нараквици, бронзени кратери и др.), од кнежевските гробници на надалеку прочуената некропола „Требеништа“.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-04.jpg

Легендата за Кадмо и Лихнид

Настанувањето пак, на античкиот град Лихнид или Град на светлината, му се препишува на Фениќанецот Кадмо.

Тој бил легендарен јунак, прогонет Феникиец, кој бил првиот смртник на чија свадба биле присутни олимписките богови.

По неговото прогонување од Теба во Беотија, пребегал кај Енхелејците и на брегот на Охридското Езеро го основал градот Лихнид.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-11.jpg

Според грчката митологија, Кадмо бил феникиски принц, син на Агенор, кралот на Тир, територија на денешен Либан, и на кралицата Телефаса.

Бил брат на Феникиј, Килик и Европа. Кога Зевс ја киднапирал неговата сестра Европа, кралот ги испрати своите синови во потрага по неговата ќерка и им наредил да не се враќаат во Феникија без неа.

За време на неговите талкања, барајќи ја сестра му, Кадмо ја посетил Грција каде го основал градот Теба и се оженил.

Верувал во божицата Атина и градел храмови во нејзина чест. Кадмо на Грците им ги дал феникиските букви од кои подоцна ја создале грчката азбука.

Со наклонетоста од боговите, тој станува крал, но нема среќа. Градот Теба брзо бил уништен, а тој и неговата сопруга Хармонија морале да избегаат.

Подоцна, како крал, тој ги основал градовите Лихнид (Охрид) и Бутое (Будва), за кои се вели дека биле именувани според воловите што носеле коли со Кадмос и Хармонија во Илирија.

Кадмо бил многу несреќен поради сите неволји што го снашле како резултат на убиството на змејот на Арес, па еден ден рекол дека ако боговите се грижат толку за една змија, би сакал и тој да стане змија.

Веднаш, на неговото тело почнале да растат крлушки и тој се претворил во змија.

Гледајќи што се случило, Хармонија ги молела боговите да ја претворат во змија, и нејзиното барање веднаш било исполнето.

Тоа е несреќната судбина на Кадмо, основачот на Лихнидос (Охрид).

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-17.jpg

Охрид – престолнина на Самоиловото царство

Почетоците на Самуиловото Царство, Првата држава на македонските Словени, се поврзани краиштата околу Охрид.

Овде во втората половина на X век, под водство на брсјачкиот кнез Никола и неговите синови Давид, Арон, Мојсеј и Самоил, избувнало вооружено востание, најпрвин против Бугарија во 969 година, а потоа и против Византија во 976 година.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-14.jpg

На чело на македонската средновековна држава застанал цар Самоил, по кого го добила и името.

Јадрото на ова царство го сочинувала Македонија. Околу четири децении од Самуиловото владеење се исполнети со борби со Византија и со освојувања.

Цар Самоил ги проширил границите на својата држава до реките Дунав и Сава, до Коринтскиот Залив и до Јадранското Море.

Охрид, за време на владеењето на Самоил од 976 до 1014 година и неговите наследници Гаврилo Радомир и Јован Владислав до 1.018 година, бил царска престолнина.

Со цар Самуил се поврзува и легендата за името Охрид.

Според старата легенда, Охрид го добил своето име кога самоиловите војници се враќале во родниот крај, изморени и повредени од долгите битки, бавно и тешко го искачувале ридот на кој е сместен стариот дел од градот и извикувале „Ох риде, ох риде“.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-15.jpg

Прочитајте уште пет факти за Охрид на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg