60% од жените не го употребуваат зборот „вагина“

Дали сте знаеле дека повеќе од 60% од жените низ светот користат имиња или прекари наместо да го употребат зборот „вагина“?

60-od-zenite-ne-go-upotrebuvaat-zborot-vagina-2.jpg

Да, тоа е вистината. Според едно истражување кое било спроведено на 1.000 испитанички, 65% од учесничките се срамеле од тоа да го изговорат зборот „вагина“, а 40% од нив дури и користеле кодови, односно прекари кога сакале да кажат нешто поврзано со својот женски полов орган.

Во најчудните имиња се вбројуваат: Хари Потер, Среќната долина, Црната Дупка, Кутија за накит, Пандорината кутија, Женско оружје и Градот Туна.

Според гинеколог на славните, доктор Шери А. Рос, жените не се чувствуваат слободни отворено да зборуваат за својата вагина, а тоа е веројатно така поради некои заостанати сфаќања поврзани со сексот и вагината.

Како една од причинити зошто жените не сакаат да го спомнат зборот „вагина“, доктор Шерил го наведува фактот дека на најголем дел од жените всушност и не им се допаѓа како изгледа нивната вагинa. За тоа говорат и голем број хируршки интервенции кои се направени во оваа интимна зона.

Интересен е фактот што голем дел од жените признаваат дека ја споредуваат својата вагина со оние на девојките од филмовите за возрасни.

Без разлика на сѐ, зборувањето гласно за вагините директно води кон конверзации поврзани за здравјето и добродетот на жената.

Па драги дами, кренете го својот глас и кажете „вагина“ јасно и гласно!

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg