Познатите и нивните мислења за врските и љубовта

Познатите личности се пред сè луѓе - исти како сите нас. Наслов и фраза која можете да ја прочитате насекаде.

poznatite-i-nivnite-mislenja-za-vrskite-i-ljubovta-1_copy.jpg

Тоа е така поради фактот што, знаејќи го ова, ние обичните луѓе мислиме дека и познатите личности имаат моменти како нас - седат по цела недела пред телевизор, јадат сладолед и гледаат по 3 сезони од омилената серија во еден здив.

Но, поентата не е за таа цел, туку за да сфатиме дека и славните се соочуваат со исти проблеми како и сите други луѓе, вклучувајки ги проблемите со љубовта и врските.

Ако поминувате низ тежок период во љубовта и советите од пријателите не ви помагаат, еве неколку цитати од познатите за љубовта.

Некои од нив се општо за љубовта, а други ќе ви послужат да се утешите со помислата дека и луѓето со најгламурозен живот се заљубуваат, а понекогаш и патат во љубовта.

1. Јас сум човечко суштество и се заљубувам и немам контрола врз секоја ситуација. - Бијонсе

2. Понекогаш фрлам поглед врз неа, додека не ме гледа дека ја гледам, и имам еден момент во кој си велам: „Ако отсега понатаму правиш само лоши одлуки, досега направи една навистина добра одлука“ - Џастин Тимберлејк

3. Го прашав татко ми еднаш, „Како ти и мама останавте во брак 33 години?“, и тој ми рече, „Па, никогаш не мислевме на развод во исто време“. - Гвинет Палтроу

4. Мислам дека имаме различни сродни души во различен период од животот. Нашата душа има потреба од различни работи во различен период. - Ким Кардашијан

5. Немој да внесуваш личности во твојот живот кои само ти прават да се чувствуваш лошо, верувај во своите инстинкти. Добрите врски се тие во кои се чувствуваш убаво. Тие не болат. Тие не се болни. Тоа не важи само за партнерот со кој еден ден треба да стапите во брак, исто така важи и за пријателите кои ги избирате. Важи за сите луѓе со кои одлучувате да сте опкружени. - Мишел Обама

6. Треба да сте добри еден со друг... Сè е до почитта. Јас без израсната во католичко, италијанско семејство и сè беше поврзано со почитта. Не зборувај лошо за твојот партнер веднаш штом ќе излезе низ вратата, навистина зачувај ја твојата врска и бидете добри еден со друг. Чувајте ја врската како злато. - Џулијана Ранчиќ

7. Мислам дека најдобриот љубовен совет кој сум го слушнала е тоа дека комуникацијата е клучна, но и тоа дека не постои само една совршена личност за тебе. Мора да прифатите кои работи можете да ги поднесете, а кои не. - Дита фон Тис

8. Сум имала 4 врски во животот. Никогаш не сум била со некој со кој претходно не сум имала некаква врска. Ако поминувам време со некој маж, тоа е поради тоа што го знам добро и ми е добар пријател подолго време. - Блејк Лајвли

9. Вистинската љубов не можете да ја најдете таму каде што не постои, ниту пак можете да ја скриете таму каде што постои. - Дејвид Швимер

10. Чувствата кои ги повзуваме со љубов - да се чувствуваме болно, несигурно, да немаме апетит - тоа е само страст... Љубовта е нешто што треба да остане и после 20 години заедно. - Сајмон Кауел

11. Многу луѓе би сакале да се возат со вас во лимузина, но ви треба некој кој ќе сака да се вози со вас во автобус кога лимузината ќе се расипе. - Опра Винфри

12. Пред да се венчате за некого, треба да го натерате да користи компјутер со многу бавен интернет, за да видите каква личност е навистина. - Вил Фарел

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg