4 легендарни жени кои се бореле со депресија

Едно нешто што може да нè утеши кога поминуваме низ тежок период е дека знаеме дека не сме само ние што поминуваме низ тоа.

4 legendarni zeni koi stradale od depresija 1

Кога имате депресија, дури и во најтемните денови треба да бидете свесни дека многу луѓе поминале низ слично болка и се излечиле.

Многу познати жени во историјата биле соочени со неверојатно тешки проблеми и ни покажале дека низ сите ситуации може да се помине успешно.

Од полови напади, до спонтани абортуси и егзистенцијални кризи, овие жени се пример за сите нас дека она низ што поминува не нè дефинира како личност, туку начин како ќе се справиме со тоа.

Овие жени исто така нè потсетуваат на една голема вистина: Никогаш не сте сами.

Одри Хепберн

Пред да стане една од најпознатите актерки на сите времиња, Одри Хепберн изјавила за списанието Њуjорк Тајмс дека сè уште ја прегонуваат искуства од Втората светска војна, кога за малку ќе изгладнела до смрт. Цел живот се справувала со чувство на вина дека таа успеала да преживее, а многу нејзини пријатели биле убиени.

Ова не бил нејзиниот единствен психички проблем. Таа очајно сакала да има свое семејство и после нејзиниот пропаднат брак со Мел Ферер и неколку спонтани абортуси, еден период била многу депресивна што дури и се откажала од глумењето.

Хепберн ги пренасочила своите лоши искуства од животот со тоа што патувала низ светот да ја подигне свеста и да им помага на гладните.

Маја Анџелоу

Легендарниот поет и автор Маја Анџелоу ги има прикажано своите лоши искуства од детството во својата книга “I Know Why The Caged Bird Sings ”. Во книгата таа пишува за нејзиното трауматично искуство со сексуална злоупотреба после која не можела да зборува со години.

Таа вели дека преку пишувањето се излечила и дека сака нејзините книги да им служат на другите за инспирација и надеж. Нејзиниот совет за луѓето кои поминуваат низ тежок период е да погледнат низ што сè успеале да поминат досега, низ колку болка, и дека преживеале. Таа исто така вели дека и во најтемните денови треба да се најде смисла зошто поминуваме низ тоа.

Фрида Кало

Еден од најуспешните мексикански артисти на нејзиното време, Фрида Кало продолжува и до ден денес да биде симбол за силна жена. Нејзината уметност сепак била родена од лош случај.

Таа настрадала во многу лоша автобуска несреќа што не можела да стане од кревет со месеци. Во тој период таа почнала да црта. Таа во одредени периоди страдала од многу сериозна депресија. Во нејзината уметност ја ставала целата нејзина болка.

За нејзината болка кажала: “Пробав да ги удавам моите маки, но малите ништожници успеаја да научат да пливаат, а јас сега сум исполнета со ова добра чувство”. На овој поетски начин таа сакала да ги идентификува и прифати своите чувства.

Мајка Тереза

Мајка Тереза е позната како еден од најголемите хуманитарци на 20-тиот век, а сега е и католички светец. Таа во јавноста покажувала насмеано лице, а подоцна нејзините писма покажале дека страдала и се чувствувала напуштена од Бог. Во писмата пишувало дека во неа има огромна тишина и празнина, дека гледа, но не може да види, дека слуша, но не може да слушне.

Според нејзините писма таа страдала речиси 50 години, и се чувствувала напуштено од религијата и од љубовта на Исус. Се прашувала самата себеси зошто има толку болка и темнина во нејзината душа.

Сепак таа успеала да ги тргне на страна нејзината болка и нејзините мисли и да работи напорно на мисијата да им помогне да сиромашните. Никогаш не престанала да им помага на тие што им треба помош.

Нејзиниот извонреден живот е потсетник дека депресијата не треба да навлезе во секој дел од нашиот живот, дека треба да ја искористиме за да ги разбереме и да им помогнеме на оние кои страдаат.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg