Имал неуспешен обид за самоубиство, една негова слика вреди над 110 милиони долари – Факти за Клод Моне

Се обидел да се самоубие затоа што француската академија на уметностите не ја прифаќала неговата уметност, морал да си замине од семејниот дом за да може да се посвети на уметноста, а денес неговите слики вредат милиони. Кој бил Клод Моне, таткото на импресионизмот?

imal-neuspeshen-obid-za-samoubistvo-edna-negova-slika-vredi-nad-110-milioni-dolari-fakti-za-klod-mone-01.jpg

Оскар Клод Моне е почитуван уметник поради неговата серија на слики од преубави градини, јапонски мостови и цвеќиња. Францускиот уметник знаел како перфектно да манипулира со светлото и со сенките за да го прикаже пејзажот на револуционерен начин.

fakti za tatkoto na impresionizmot klod mone 1

Неговата слика „Стогови“ во 2019-та година беше продадена на аукција по цена од 110, 7 милиони долари, а исто така голем број од неговите дела денес се продаваат за милионски суми.

Неколку факти кои веројатно не ги знаете за таткото на францускиот импресионизам:

Од мали нозе се гледало дека е талентиран

Моне бил роден во Париз во 1840 година. Тој почнал да црта уште кога бил многу мал, а најчесто ги цртал неговите соседи и учители.

Тој учел во уметничко училиште, а како млад тинејџер продавал карикатури кои сам ги изработувал од локални личности.

Тој најчесто цртал надвор од домот, а подоцна ќе стане познат токму по неговите пејзажи.

Неговата мајка го поддржувала во уметничките амбиции, но татко му сакал Клод да се вклучи во семејниот бизнис.

Кога мајка му починала во 1857-ма година, Моне го напуштил домот, се преселил кај неговата тетка и продолжил да студира уметност против желбите на неговиот татко.

fakti za tatkoto na impresionizmot klod mone 5

Требало да служи 7 години воен рок

Во 1861-ва година, Моне морал да се приклучи на војската и да отслужи задолжителен воен рок, кој тогаш изнесувал 7 години.

Тој го напуштил Париз и заминал во Алжир, територија која бил под контрола на Франција.

Татко му се понудил да плати за да може тој да го напушти служењето во војска, меѓутоа само под услов ако се откаже од уметноста, но Моне не се согласил.

По една година служење од сите седум кои требало да ги отслужи, тој сериозно се разболел.

Неговата тетка платила за тој да биде ослободен и повторно го запишала во уметничко училиште. 

imal-neuspeshen-obid-za-samoubistvo-edna-negova-slika-vredi-nad-110-milioni-dolari-fakti-za-klod-mone-02.jpg

Бил толку исфрустриран од животот што се фрлил во реката Сена

Во неговите доцни 20-ти години, Моне бил многу исфрустриран од Француската академија за уметност.

Тој мразел да креира уметност по формула, нешто што изгледа како копија на сѐ што веќе било изложено во Лувр.

Иако пробувал неговите дела да влезат во изложбите на Академијата, речиси секогаш бил одбиван.

Така паднал во депресија, не можел веќе финансиски да го издржува неговото семејство па се фрлил од мост во реката Сена.

Меѓутоа го преживеал падот и почнал да поминува повеќе време со уметници кои исто така се спротивставувале на Академијата.

imal-neuspeshen-obid-za-samoubistvo-edna-negova-slika-vredi-nad-110-milioni-dolari-fakti-za-klod-mone-04.jpg

Тој помогнал да се создаде правецот Импресионизам

Моне заедно со други тогаш не толку познати уметници создале здружение и самите направиле своја изложба во 1874-та година.

На изложбата имало прекрасни дела со светли и убави бои кои изгледале како некој спонтано да си играл со четката.

Откако еден критичар го споредил делото на Моне со незавршена скица или импресија, терминот „импресионист“ почнал да ги опишува уметниците кои имаат радикални нови идеи за сликање.

imal-neuspeshen-obid-za-samoubistvo-edna-negova-slika-vredi-nad-110-milioni-dolari-fakti-za-klod-mone-05.jpg

Водните лијани во неговата градина ги увезувал од секаде од светот 

Од 1883-та до неговата смрт во 1926-та година, Моне живеел во Живерни, село во северна Франција.

Низ годините во неговата градина, градинарите одгледувале сѐ, од афион до јаболкови дрвја и создавале прекрасна слика која уметникот подоцна ја преточувал во неговите дела.

Кога почнал сериозно да заработува од неговите продажби, тој почнал многу да инвестира во неговата градина.

Почнал да ги увезува водните лилјани од Египет, Јужна Америка и многу други места од светот.

Општината многупати му забранила да сади странски растенија од страв дека ќе ја загади водата но тој не слушал.

Во последните 25 години од неговиот живот тој најчесто ги сликал водните лилјани во секакви светлини и текстури.

fakti za tatkoto na impresionizmot klod mone 2

Туристите можат да го посетат неговиот дом и неговата градина

Во 1926-та година, Моне починал од рак на градите. Од 1980-та година неговиот дом во Живерни бил отворен за посета. Туристите можат да ги видат неговите прекрасни цвеќиња и градина.

Секоја година стотици туристи шетаат низ познатата градина и домот на познатиот уметник. Освен градината, туристите можат да видат повеќе соби од домот на Моне вклучувајќи ја и познатата сина соба.

fakti za tatkoto na impresionizmot klod mone 3

А.В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg