Имала куќи во 8 држави - Интересни факти за Нина Симон кои можеби не сте ги знаеле

Не само што била врвна пејачка со префинет слух, Нина Симон ги користела своите популарност и уметност за да го истакне нејзиното мислење за важни теми.

Interesni-fakti-za-Nina-Simon-koi-mozebi-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

Прочитајте ги овие интересни факти за вечната Нина Симон кои можеби не сте ги знаеле:

Уметничко име

Пејачката е родена како Jунис Кетлин Вeјмон, на 21 февруари 1933 година.

Кога започнала да настапува во Атланта, го добила името Нина Симон - Нина, бидејќи нејзиното момче ја нарекувало така, а Симон според актерката и пејачката Симон Сињоре.

Скромни почетоци

Причината зошто многу песни на Нина имаат звук на госпел музика е нејзиното минато. Како ќерка на методистички свештеник, Нина поминувала многу време во црквата, а на само три години почнала да свири пијано.

Високо образование

Откако го завршила средното училиште како најдобар ученик, Нина извесно време одела во престижното музичко училиште Џулијард.

Кариера и активизам

На дванаесет години, Нина во една прилика одбила да свири пијано во црквата, затоа што нејзините родители морале да седнат во задниот ред.

Оттогаш, па до крајот на животот, Нина ја користела музиката како алатка за борба против расизмот.

Interesni-fakti-za-Nina-Simon-koi-mozebi-ne-ste-gi-znaele-03.jpg

Стил како став

Турбаните, панделките, украсите за коса и големиот накит се дел од модниот стил на Нина и таа секогаш сакала да има впечатлив изглед.

Често носела фустани и костуми, но ќе остане позната по нејзините комбинации од плетен материјал.

Куќи низ целиот свет

Покрај нејзиниот стан во Њујорк, Нина свој дом ги нарекувала и Либерија, Барбадос, Англија, Белгија, Франција, Швајцарија и Холандија. Во сите овие земји, пејачката поседувала куќи и имоти.

Познати пријатели

Во 1960-тите, г-ѓа Симон и нејзиниот втор сопруг живеле веднаш до Малком Екс и неговата сопруга. Помеѓу познатите пријатели на Симон се истакнува и колегата музичар, Дејвид Боуви.

Забранета песна

Според легендата, Нина ја напишала песната „Mississippi Goddam“  за само еден час. Суровите стихови на песната зборуваат за убиството на активистите во Мисисипи, како и за нападот врз баптистичката црква.

Песната долго време била забранувана на радио.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg