Цитати кои сите ги знаеме, но не сме свесни дека ги изговорил Џими Хендрикс

Џими Хендрикс се смета за еден од најдобрите гитаристи во музичката рок историја. Својата кариера ја започнал на неполни 15 години, кога за 5 долари ја купил својата прва гитара и станал уличен музичар.

Citati-na-Dzimi-Hendriks-01.jpg

Кога започнал посериозно да се занимава со рокенрол, Хендрикс го превртил светот на музиката наопаку.

Креирајќи сопствена верзија на психоделичен рок, хард рок и блуз, иако бил водечкиот член на бендот The Jimi Hendrix Experience, всушност останал запаметен само тој - толку бил уникатен и вонсериски.

Неговата музика била иновативна, како и текстовите. Многу од неговите стихови се едни од најчесто изговорените цитати на денешницата. Прочитајте за кои станува збор:

„Кога силата на љубовта ќе ја надмине љубовта кон силата, тогаш светот ќе го запознае мирот.“

„Моментот кога ја запалив гитарата, беше како жртвување. Ги жртвуваш работите што ги сакаш. Јас ја сакам мојата гитара.“

„Блузот е лесен за свирење, но тешко е да го почувствуваш.“

„Музиката е мојата религија.“

„Знаењето зборува, но мудроста слуша.“

„Музиката е најбезбедната дрога.“

„Ако сум слободен, тоа е бидејќи постојано сум во трка.“

Citati-na-Dzimi-Hendriks-02.jpg

„Имагинацијата е клучот до моите текстови. Останатото е направено со малку научна фантастика.“

„Толку многу пати ме имитираа луѓето, што дури ги копираа и моите грешки.“

„Ќе фрлам клетва врз тебе и сите твои деца ќе се родат целосно голи.“

„Музиката не лаже. Ако постои нешто што може да се промени во овој свет, тоа може да се случи единствено преку неа.“

„Треба да продолжиш понатаму и да лудуваш. Лудоста е како рајот.“

„Знам дека не сум совршен и не живеам за да станам. Но, пред да го впериш прстот во мене, биди сигурен дека ти се чисти рацете.“

„Приказната за животот е побрза и од едно трепнување на окото, приказната за љубовта е здраво – збогум.“

„Извинете ме додека го бакнувам небото.“

„Смислив своја мала изрека: кога работите стануваат тешки, едноставно биди хелиум – најлесниот елемент којшто постои.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg