10 факти за неверојатните жени од НАСА

Повеќето луѓе ја гледаат НАСА како „клуб за момчиња“. На некој начин, во поголемиот дел од времето ова било вистина.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-01.JPG

Иако можеби овде сè уште доминираат мажите, некои жени направиле вистинска разлика не само во НАСА, туку општо во науката.

Во продолжение дознајте нешто повеќе за неверојатните жени од НАСА:

Жените од „Hidden Figures“ се уште поневеројатни во реалноста

Филмот „Hidden Figures“ од 2017-та им го даде потребното признание на трите Афроамериканки кои работеа за НАСА во 1960-тите. Но, нивната приказна е многу поинтересна од она што го прикажува филмот.

Едната од нив, Кетрин Џонсон, завршила средно на 14 години, а веќе на 18 имала универзитетска диплома по математика.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-02.JPG

Сели Рајд го учела тимот на НАСА за менструацијата

Пред нејзиниот историски лет во 1983-та, Сели Рајд морала да им одржи предавање по биологија на инженерите од НАСА.

Мажите кои биле одговорни за пакувањето на Сели за вселенското патување, ја прашале дали ќе ѝ бидат доволно 100 тампони за седум дена.

Нормално, Сели им кажала дека слободно можат да го преполоват бројот.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-03.JPG

Трагичната судбина на Challenger и Криста Меколиф

Криста Меколиф беше избрана од 11.000 други наставници, како првата наставничка која ќе оди на вселенска мисија.

За жал, нејзината мисија, но и нејзиниот живот завршија само 73 секунди после лансирањето на леталото Challenger.

На 28-ми јануари 1986-та, леталото експлодира, убивајќи ги Криста и 6-те астронаути кои беа дел од екипажот.

Идејата зад програмата беше Криста да снима предавања во вселената, кои потоа ќе им бидат пуштани на учениците низ САД.

Криста никогаш не успеа да ги сними предавањата, но во 2018-та, астронаутите Џо Акаба и Рики Арнолд го направија тоа на Меѓународната вселенска страница. Предавањата се достапни на веб-сајтот на НАСА.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-04.JPG

Мае Џејмисон се обидува да ја промовира научната писменост

Поминаа повеќе од 25 години откако Мае Џејмисон стана првата Афроамериканка која отпатува во вселената и до денес ги инспирира надежните научници.

Нејзината цел е да вклучи што е можно повеќе луѓе во програмата STEM (скратено од наука, технологија, инженерство и математика). Истовремено, таа сака да им помогне на луѓето да научат сè што треба за да го разберат светот околу нив.

Можеби најинтересниот факт за неа е што таа се плаши од височини. Наводно, Мае се потпрела на нејзината сила и на нејзиното его за да го издржи лансирањето.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-05.JPG

Личноста со најдолг престој во вселената е жена

Астронаутот Меги Витсон има соборено неколку рекорди на НАСА. Таа е Американец кој има поминато најмногу време во вселената и е жената која извелс најмногу вселенски прошетки – дури 10.

Во 2016-та, на 56-годишна возраст, таа стана и најстарата жена која отишла во вселената, но и првата жена која двапати била командант на Меѓународната вселенска станица.

10-fakti-za-neverojatnite-zheni-od-nasa-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg