Тест за дете од друга жена кога биле во врска: Факти за Силвестер Сталоне и 22 години помладата сопруга

Сега имаат 3 ќерки убавици и прославија 23 години брак, но како започнала љубовта на актерот и прекрасната Флавин?

test-za-vonbrachno-dete-slavat-23-godini-brak-fakti-za-brakot-na-silvester-stalone-i-22-godini-pomladata-sopruga-01.jpg

Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин прославија 23 години брак во Лос Анџелес.

Парот го одбележи денот со слатка фотографија од нив. 73-годишниот актер направи селфи, додека сопругата беше потпрена на неговото рамо.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Flavin Stallone (@jenniferflavinstallone)

На почетокот во љубовта тие имаа стресен период. Сталоне се смири со Џенифер, неговата тогашна девојка, во 1995 година кога ДНК тест потврди дека не е татко на „вонбрачно“ дете од друга жена.

Џенифер (51) и Сталоне ја добија ќерката Софија во 1996 година и се венчаа во Лондон во 1997 година. Потоа во 1998 година и во 2002 тие добија уште две ќерки.

Инаку пред бракот со Џенифер, Сталоне беше во брак 11 години со Саша Чак, која одреден период работела како келнерка за да ги поддржи неговите соништа да стане ѕвезда. Со неа тој имал два сина, од кои едниот, за жал, починал на 26-годишна возраст од срцево заболување.

Потоа, тој беше во брак со моделот Брижит Нилсен две турбулентни години. На Брижит Сталоне ѝ беше 5-ти сопруг по ред.

Прочитајте и Тој ѝ е 5-ти сопруг по ред, 15 години помлад и 17 cm понизок: Факти за сопругот на бившата на Сталоне!

Но, дури кога Сталоне ја запозна Џенифер изјави: „Никогаш не сум се забавувал повеќе, таа е мојата втора половина.“

Фотки од прекрасната сопруга на Сталоне:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цитати кои ќе ви ја смират анксиозноста и ќе ви помогнат да се ослободите од грижите „Ви ветувам дека ништо не е хаотично како што ви изгледа. Ништо не е толку вредн...
Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон Иако изгледа како да направил пластична операција, промените во изгледот на Зек ...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
10 интересни факти за Охрид: Тајната за изработката на охридскиот бисер дошла од Русија, ја знаат са... Уникатната флора и фауна го прават Охридското Езеро еден од најголемите био...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg