Глуми од 6 години, има 4 деца: Факти од животот на некогашната млада бунтовничка, Луисана Лопилато

Луисана Лопилато е аргентинска манекенка, актерка и пејачка, за нас добропозната по незаборавната тинејџерска серија „Млади бунтовници“.

Akterska-kariera-na-samo-6-godini-fakti-od-zhivotot-na-nekogashnata-mlada-buntovnichka-Luisana-Lopilato 01 630x330.jpg

Уште како дете запливува во светот на познатите, така што започнува да снима реклами, а нејзината популарност особено се зголемува кога на своја 7-годишна возраст, Луисана станува дел од детската серија „Дечиња“ (Chiquititas).

Нешто подоцна, на 15-годишна возраст, оваа млада девојка својата актерска способност ја усовршува низ доделувањето на култната улога: единствената, Миа Колучи.

Серијата „Млади бунтовници“ постигнува огромен успех и надвор од границите на Аргентина, особено со формирањето на музичкиот бенд Erreway, во кој освен Луисана, членуваат и: Фелипе Коломбо (Мануел), Камила Бордонаба (Марица) и Бенхамин Рохас (Пабло).

Верувале или не, од последната епизода на познатата аргентинска серија се поминати цели 19 години. Да бидеме искрени, не постоеше млада личност која остана имуна на разгалената, татина убавица, Миа Колучи.

Денес, неверојатната Луисана, покрај тоа што е успешна актерка, со бројни проекти позади себе, исто така е мајка на четири прекрасни дечиња и сопруга на канадскиот пејач Мајкл Бубле.

Во продолжение ви издвојуваме низа интересни детали од животот на Луисана Лопилато, актерката која го обележа нашето детство:

На само 6-годишна возраст, рефлекторите за Луисана стануваат секојдневие

Луисана Лопилато е родена на 18 мај, 1987 година, во Буенос Аирес, Аргентина. Еден од најинтересните детали од нејзиното детство е токму следниот: нејзиниот талент прв го забележал случаен поминувач - рекламен менаџер, кој веднаш ѝ предложил на нејзината мајка - малата Луисана да биде дел од неговата нова реклама.

„Имав 6 години и бев во Буенос Аирес. Играв на улица со мајка ми, а еден менаџер кој живееше во таа област ѝ се обрати: 'Видете, барам мало девојче за реклама и мислам дека токму вашата ќерка е совршена за истата позиција. Дали мислите дека можете да ја донесете на аудиција?’.

Мајка ми во тоа време не беше баш заинтересирана, но кога татко ми кој отсекогаш сакаше да глуми, дозна за понудата, без нејзино знаење ме одведе на аудицијата. Оттука, мојата актерска кариера никогаш не застана“.

Луисана располага со навистина богата актерска кариера

Со оглед на нејзините рани почетоци во детската серија „Дечиња“ и понатамошните вирални успеси со улогата на Миа Колучи, не е ни чудно што оваа актерка не престанала да ниже успеси.

За големиот број на достигнувања во младоста на Луисана е заслужен нејзиниот ментор, продуцентката Крис Морена, која воедно е создавач на тинејџерската серија „Млади бунтовници“.

Во подоцнежните години, оваа актерка повеќе се свртува кон снимањето на филмови, а едни од најистакнатите се: Perdida (2018), Los que aman, odian (2017) и La Corazonada (2020).

Членувањето во групата Erreway ѝ ги отвори вратите ширум светот

Имено, трите студиски албуми што ги издаде овој бенд биле продадени во повеќе од 5 милиони копии ширум светот.

Актерка, пејачка, но и модел

Широкото опфаќање на нејзината актерска кариера, секако е неминовно, но дали знаевте дека Лопилато е долгогодишен модел и заштитно лице на Лореал?!

Покрај бројните реклами и фотосесии, таа често прикачува видеа на својот Youtube канал, каде меѓудругото ги промовира производите на оваа светска компанија.

Јазична бариера – препрека во запознавањето со Мајкл Бубле

Навистина интересен е фактот дека при нивното запознавање во 2008 година, ниту еден од нив не знаел добро да го зборува мајчиниот јазик на сегашниот љубовен партнер.

Мајкл во едно од неговите интервјуа изјавил дека на почетокот тој речиси воопшто не зборувал шпански, а и Луисана била слаба со англискиот, па нивната прва средба била малку незгодна.

За среќа, пријателот на Лопилато кој одлично зборувал англиски бил нивен посредник. Денес, овој среќно заљубен пар има четири дечиња: две момчиња и две девојчиња.

Во 2017 година, за првпат станува дел од американски филм, насловен Fair Market Value

Покрај многуте аргентински, филмски проекти, нејзината прва американска филмска улога оваа актерка за првпат ја добила во 2017 година. Две недели по започнувањето на снимањата, Лопилато открила дека е бремена.

Луисана претставува инспирација за нејзиниот сопруг, Мајкл Бубле

Канадскиот пејач повеќепати зборувал за одличниот однос со својата сопруга, Луисана. Тие сметаат дека меѓусебната поддршка, всушност е вистинскиот рецепт, без разлика дали станува збор за љубовна, или пак пријателска врска.

Луисана се појавува во едно од неговите музички видеа, односно песната Haven't Met You Yet, која имено Бубле ја напишал и посветил специјално за неа.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg