Виц: А ти што правеше цел ден?

vic-a-ti-sto-pravese-cel-den-povekjeМажот си дошол дома од работа и ги пронашол своите три деца надвор во дворот, уште во пижами, со кал до колена, а празни кутии храна и...


...обвивки од чоколади биле расфрлени по целиот тревник.

Вратите од автомобилот на жена му биле отворени, исто така и вратата од куќата, а никаде го немало и кучето. Кога влегол во куќата го пречекал уште поголем неред.

vic-a-ti-sto-pravese-cel-den

Ламбата била превртена, а тепихот свиткан во ќошот на едниот ѕид. Телевизорот пуштен до даска, а целата соба затрупана во играчки.

Во кујната, мијалникот до горе полн со садови, храна расфрлена по масата и подот, вратата од фрижидерот отворена, на подот искршено стакло, а во средината на кујната мало купче песок.

Брзо тргнал да се качи на катот прескокнувајќи преку куп играчки и алишта. Ја барал жена си целиот избезумен и загрижен.

Од купатилото течело мало поточе. Ѕирнал внатре и што да види – куп мокри пешкири, водата тече од лавабото, а во кадата валкана вода со пена. Километри тоалет хартија развлечени низ целата бања.

Побрзал во спалната соба, а таму ја нашол жена си мртва ладна во пижами си чита книга.

Го погледнала, се насмевнала и го прашала како поминал на работа.

Гледајќи ја со подотворена уста ја прашал: Што се случило овде денес??

Таа повторно се насмевнала и му рекла: Знаеш, кога си доаѓаш од работа нервозен и се дереш по мене: А ти што правеше цел ден?!

Тој и рекол: Знам!

А, таа: Епа денес не го правев тоа! – му рекла и продолжила да си чита.

Би можело да ве интересира:

5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
8 луѓе кои немале среќа на првиот ден на ново работно место Дали сте од оние луѓе кои баш и не ги прати среќа, туку напротив, секогаш им се ...
Смешна компилација: Што сè прават луѓето за интернет слава? Тверкање среде улица, бизарно танцување во супермаркет, неуспешни обиди за прово...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg