Перица, русокоси, свекрва - 5 вицеви за поубав ден

Свекрвата не ја сакала баш новата снаа, па на венчавката ѝ кажала: „Знаеш ќерко, таа венчаница што си ја одбрала не ти е нешто посебно убава.“ „Ако, следниот пат ќе биде поубава“, ѝ одговорила таа.

koga-stilistot-kje-ve-napravi-druga-zhena-foto-01.jpg

Вицевите секогаш се одличен начин за разубавување на денот.

Неколку вицеви што слатко ќе ве насмеат:

Перица ја прашува мајка си:

„Мамо дали навистина кога некои луѓе ќе умрат се претвораат во прашина?“

„Да, сине.“

„Па, мамо, мислам дека некој умрел под мојот кревет.“

koga-stilistot-kje-ve-napravi-druga-zhena-foto-02.png

Свекрвата не ја сакала баш новата снаа, па на венчавката ѝ кажала:

„Знаеш ќерко, таа венчаница што си ја одбрала не ти е нешто посебно убава.“

„Ако, следниот пат ќе биде поубава“, ѝ одговорила таа.

Разговараат две русокоси:

„И сега кажи ми што да му кажам јас на него?“

„Па, кажи му ја вистината!“

„Каква вистина?“

„Па, од каде да знам јас, смисли нешто.“

koga-stilistot-kje-ve-napravi-druga-zhena-foto-03.jpg

Таткото на Перица го вози Перица покрај неговото училиште и му вели:

„Сине, во твоево училиште одев и јас пред 20 години.“

Перица му одговара:

„Ооо, па сега ми е јасно зошто учителката вели дека таков мајмун како мене не видела 20 години.“

Се нашле две русокоси и разговараат:

„Дали знаеш дека Нова година се паѓа точно во петок“.

Другата ѝ вели:

„Ох, се надевам дека не е петок 13-ти.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg