„Која е тајната за среќен брак?“ – Вицеви за брачни парови во кои ќе се пронајдат многумина

Дали ги сакате вицевите за брачни парови? Издвојуваме пет вицеви што сигурно ќе ви се допаднат и ќе ве насмеат, а веруваме дека и многумина ќе се пронајдат во нив.

koja-e-tajnata-za-srekjen-brak-vicevi-za-brachni-parovi-vo-koi-kje-se-pronajdat-mnogumina-01.jpg

Кој е поуспешен - мажот или жената, која е тајната за среќен брак, како да ја натерате сопругата да ви прости ако сте заглавиле во кафеана – од овие вицеви сигурно нема да добиете сериозен совет, но добро ќе се насмеете.

Пијаниот сопруг

Едно утро Миле се разбудил со силна главоболка и модринка на окото. Првото нешто што го забележал била една бела роза до креветот и порака од сопругата:

„Миличок, имаш појадок во кујната. Отидов на шопинг, вечер ќе ти ја подготвам омилената вечера. Те сакам!“

Миле отишол во кујната и гледа, таму имало подготвен појадок на масата.

Го гледа синот во близина и го прашува:

- Добро сине што се случи синоќа?
- Ништо бе тато, кога си дојде дома се сопна од столот и така доби модринка на окото...
- Добро, а што ѝ е на мајка ти со розата, појадокот, вечерата...
- Ништо бе тато. Мама те однесе синоќа во спална соба, почна да те соблекува да си легнеш, а ти викаше на цел глас: ‘Бегај ма од мене, женет сум!’

Кој е поуспешен?

Се расправале мажот и жената за тоа кој е поуспешен.

-Јас сум поинтелигентна, завршив факултет и затоа заработувам поголема плата од тебе – му рекла жената на мажот.

- Да, ама ако погледнеш поубаво ќе видиш дека јас сум поуспешен од тебе – рекол мажот.

- Како? – прашала жената.

- Епа, јас најдов поуспешен партнер за брак – рекол мажот.

Романтична годишнина

Пред 25-тата годишнина од бракот сопругот ми испрати букет со 25 жолти рози на работа. По неколку дена, ги земав розите, ги извадив ливчињата едно по едно и ги исушив.

Вечерта на годишницата ги растурив ливчињата на креветот, облеков секси долна облека и го чекав сопругот да си дојде.

Кога влезе беше шокиран:

- Зошто си расфрлала чипс по цел кревет – ме праша.

Само една кавга во 60 години брак

Маж и жена биле во брак 60 години и во главно немале тајни, освен една: жената во својот гардаробер имала една поголема кутија и не му дозволувала на сопругот никогаш да ја отвори.

Така кога била на смртна постeла жената му рекла на сопругот да ја земе кутијата и да види што има внатре.

Сопругот отворил и видел дека внатре има една плетена кукла и 10.000 евра.

- Мајка ми ме советуваше дека тајната за среќен брак е никогаш да не се расправам. Наместо тоа да си молчам и да плетам кукли - рекла жената.

Сопругот бил мошне погоден од гестот. Се прерадувал затоа што во кутијата имало само една кукла и си помислил: ‘Во 60 години брак сум успеал да ја налутам само еднаш’, но тогаш ги видел парите па ја прашал:

- А парите од каде се?

- Епа тоа се парите што ги заработив од другите кукли што ги продадов – рекла жената.

Како е да се биде во брак?

Синот го прашал таткото како е да се биде во брак, на што таткото му рекол:

- Ајде не ми додевај, оди си во другата соба. Остави ме на мир – по што синот си заминал во собата.

По некое време таткото дошол во собата кај синот и почнал да му вика:

- Абе што ти е тебе, зошто ме игнорираш?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg