10 психолошки трикови што ќе ви се најдат во секојдневието

„Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако го прашате дали сака млеко во сина или во црвена шолја, веднаш ќе избере една и ќе го испие млекото. Функционира како магија!“

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-01.jpg

Психолошките трикови можат да бидат навистина моќна алатка во секојдневието.

Без разлика дали се справувате со клиенти и колеги на работа, со пријатели, луѓе што првпат ги гледате или, пак, со вашите мали деца, некои трикови можат да ви бидат од огромна корист.

На Редит, форумџиите ги споделуваат психолошките трикови што ги користат секојдневно:

„Ако му шепотите на мало дете што плаче, ќе престане за да може да ве слушне. Ако шепотите навистина тивко, и детето ќе се стиши. Ако, пак, кажете збор како ’сладолед‘ или нешто што детето сака, трикот е уште поефикасен“.

„Кога сум на состанок и сакам некој да го поддржи моето мислење, го поврзувам мислењето со нешто што го кажал тој. Кажувам: ’Се согласувам со Ерика‘ или ’Да се надоврзам на она што го кажа Ерика‘.

На овој начин е многу поверојатно Ерика да се согласи со она што ќе го кажам следно“.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-02.jpg

„Кога работам со клиенти, зборувам позитивно. На пример, не велам ’Извинете што доцнам‘, туку велам ’Ви благодарам за трпението‘“.

„Кога се запознавам со некого, пробувам да запомнам барем едно нешто што ми го кажал за него. Следниот пат кога ќе се видиме, го прашувам за тоа. Ќе се изненадите колку им значи на луѓето кога им покажувате дека ги слушате“.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-03.jpg

„Девојка ми честопати не знае што сака за јадење. Па, ѝ велам дека ќе ја изненадам и таа почнува да погодува. На овој начин знам што всушност сака“.

„Некој ми рече да не размислувам за мојот живот по 21 часот. Навистина настојуваме да мислиме понегативно за животот кога сме преморени.

Па, ако имам тежок ден и сфатам дека размислувам за проблемите, се потсетувам дека не можам бидејќи е по 21 часот. Следниот ден нештата ми изгледаат многу подобри“.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-04.jpg

„Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако го прашате дали сака млеко во сина или во црвена шолја, веднаш ќе избере една и ќе го испие млекото. Функционира како магија!“

„Кажете му на соговорникот дека имате само 2 минути време и почнете да зборувате. Притисокот од краткото време ќе го натера да ве слуша повнимателно“.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-05.jpg

„Ако му поставите прашање на некој и не ви даде целосен одговор, само чекајте. Не зборувајте ништо неколку мигови и обично соговорникот ќе продолжи да зборува“.

„Пред интервју или јавен говор, секогаш си велам: ’Не сум нервозен, туку возбуден‘ (за да се смирам). Двете емоции предизвикуваат лачење на слични хормони“.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg