6 знаци дека продуктот што го купувате е евтина копија, а не оригинал

Пазарот е преполн со евтини копии на познатите брендови, што можете да ги најдете насекаде. Од чанти на Louis Vuitton до парфеми на Chanel, речиси за секој познат бренд денес може да се најде поевтина реплика, но тоа не значи дека не постојат детали по кои можете да ги распознаете.

6-znaci-deka-produktot-shto-go-kupuvate-evtina-kopija-a-ne-original-01.jpg

Евтините копии не ги поминуваат потребните процедури на контрола и за сертифицирање, па затоа никогаш не можете да бидете сигурни што сте купиле, а пред да го отворите паричникот и да купите брендирани модели по „супер цена“ обрнете внимание на ситните детали.

Adidas патики

Дупчињата за врвки на оригиналните Adidas патики немаат метални делови, освен некои постари модели.

Освен тоа, секогаш е добро да ги изброите дупчињата. Оригиналните модели имаат 6 дупчиња на женските и детските модели и 7 дупчиња на машките.

Водете сметка и за тоа како е отпечатено логото. Логото треба да ја пополнува во целост задната страна и да биде рамномерно. Евтините копии вообичаено имаат мали, неправилно отпечатени или погрешно напишани лога.

Проверете го и серискиот број, кој вообичаено се наоѓа на јазикот на патиките. Оригиналниот пар има 2 различни сериски броеви за левата и десната патика. Евтините копии вообичаено го имаат истиот сериски број на двете патики.

6-znaci-deka-produktot-shto-go-kupuvate-evtina-kopija-a-ne-original-02.jpg

Парфем Chanel

За да го препознаете оригиналниот парфем Chanel, треба детално да го погледнете шишето.

Оригиналниот парфем има испакнати букви, што се рамномерно напишани и без грешка.

Малиот дел под капачето треба да биде центриран и залепен за вратот на шишето.

Свртете го шишето и погледнете го дното. Кај оригиналното шише не би требало да се познаваат нерамномерности меѓу спојот на двата стаклени дела, а линијата треба да биде точно на средината на шишето.

Оригиналните парфеми на Chanel обично имаат баркод на задниот дел, но и на дното на неотворената кутија.

6-znaci-deka-produktot-shto-go-kupuvate-evtina-kopija-a-ne-original-03.jpg

Чанти Louis Vuitton

Бидете сигурни дека шарата е рамномерно распоредена на целата чанта. Предниот и задниот дел треба да бидат во идентична насока, а не да се прекинуваат во страниците.

Сигурен показател дека станува збор за копија е ако знакот LV на задниот дел од чантата е превртен.

Патентот и другите метални делови кај оригиналот се изработени од вистински метал и се обложени со злато.

6-znaci-deka-produktot-shto-go-kupuvate-evtina-kopija-a-ne-original-04.jpg

MAC кармин

Погледнете ја добро кутијата. Името на нијансата и баркодот кај оригиналот се означени на лепенката.

Погледнете го серискиот број на дното на карминот. Оригиналните кармини на MAC имаат сериски броеви што почнуваат со A, B и C, а вообичаено по нив следуваат 2 броеви, како А44 или B32.

Логото на оригиналниот кармин изгледа како да е изгравирано на капачето, фонтот на буквите е со помала височина, отколку ширина, а буквите треба да се блиску една до друга. Точките од двете страни на буквата А треба да бидат целосно заокружени.

Мириснете го карминот. Вистинскиот MAC кармин треба да има благ мирис на ванила, копиите обично имаат мирис на овошје или на бонбони.

6-znaci-deka-produktot-shto-go-kupuvate-evtina-kopija-a-ne-original-05.jpg

Крокс папучи

Оригиналните Крокс папучи имаат лого на ременот. На логото се гледа крокодил со две очи и 6 испакнатини на грбот, а има и две раце со по 3 прсти.

Оригиналните Крокс папучи за разлика од евтините копии имаат делови за подобрување на циркулацијата во внатрешноста на папучата.

Проверете ги ѓоновите. Оригиналните папучи го имаат логото на средината.

6-znaci-deka-produktot-shto-go-kupuvate-evtina-kopija-a-ne-original-06.jpg

Levi’s фармерки

Погледнете добро на кожената етикета за да увидите дали има некој проблем. Кај оригиналните фармерки секогаш со црни букви на оваа етикета е напишан моделот, обемот на струкот и големината на фармерките.

Кожната етикета не треба да биде премногу светла или темна, а буквите испишани на неа не избледуваат со текот на перењето.

Исто така внимавајте на етикетата да нема погрешно напишани зборови.

6-znaci-deka-produktot-shto-go-kupuvate-evtina-kopija-a-ne-original-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Nike патики, Gucci чанти: 10 трикови како да препознаете оригинал vs. копија Како да препознаете дали купувате оригинал Nike патики или евтина копија? По што...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Adidas патики, дизајнерска облека – Како да разликувате оригинали од евтини копии? Како да знаете дека часовникот што го купувате е оригинал, а не евтина копија? Н...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg