Сѐ за царскиот рез: Колку пати смеете вака да се породите и дали е полесно од природното породување?

Како се прави царски рез? Дали е подобра опција од природното породување? Како полесно да закрепнете по интервенцијата? Во продолжение сите одговори...

se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-01.jpg

Царски рез (Sectio caesaria) е всушност операција со која се врши породување. Лекарот прави засек на абдоменот, низ мускулите, потоа на матката и создава премин низ кој ќе се роди бебето.

Се изведува под целосна или спинална анестезија, во зависност од итноста на ситуацијата, претходни договори или проценка за безбедноста на бебето и мајката.

Сѐ поголем е процентот на жени кои се породуваат со царски рез. 

Тоа е загрижувачко, бидејќи за разлика од вагиналното породување, царскиот рез носи многу поголем ризик, особено за мајката. Постојат ризици од зголемено крварење, инфекции, повреда на органите, па дури и тромбоза и многу други проблеми.

И за бебето не е сè така едноставно. Се смета дека бебињата родени со царски рез имаат поголема веројатност да развијат респираторни проблеми.

Кога се прави царски рез?

Царскиот рез може да биде планиран и итен.

Итниот царски рез се прави кога вагиналното породување повеќе не е опција. Најчесто причини за тоа се:

- Неправилна положба на бебето при породување

- Неотворање: грлото на матката не се отвора, бебето не се спушта и породувањето не напредува

- Срцева слабост кај бебето: во текот на вагиналното породување се случува бебето да се замори и просто да биде преслабо за вагиналното породување да продолжи

- Папочна врвца и плацента: може да се случи папочната врвца да се лизне покрај бебето и да се заглави во вагиналниот канал. Тогаш бебето останува без доволно кислород, а тоа може да има сериозни последици. Предвременото одлепување на плацентата е исто така причина за итен царски рез.

se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-02.jpg

Планиран царски рез подразбира договор со докторот за процедурата, времето и начинот на извршување на операцијата.

Планираниот царски рез се прави кога за тоа постојат добри причини, а тоа се:

- Претходни породувања со царски рез: вообичаено е дека ако едно раѓање е со царски рез, секое наредно е исто така царски рез. Меѓутоа, доколку лекарот процени дека тоа е безбедно и можно, постои можност следното раѓање да биде вагинално.

- Операции на матка 

- Кога трудницата носи близнаци

- Плацента превиа: ова значи дека палацентата е поставена точно на местото каде што бебето треба да излезе. Таквата ситуација не е поволна ниту за мајката ниту за бебето.

-Здравствени проблеми на мајката или бебето: доколку мајката има проблеми со крвен притисок, дијабетес, срцеви проблеми, какви било сериозни здравствени состојби, раѓањето мора внимателно да се испланира. Истото важи и за здравствената состојба на бебето. Ако се открие дека бебето има некоја од вродените срцеви мани, проблеми со белите дробови или слично, породувањето мора да биде специјално планирано.

- Преголемо бебе и мала карлица

- Инфекции - Доколку родилката има некои сериозни инфекции (ХПВ, ХИВ, бактериски инфекции...) не се препорачува вагинално породување, туку царски рез.

 se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-03.jpg

Колку долго трае царскиот рез?

Времетраењето на царски рез зависи од многу фактори.

Обично трае не подолго од 1 час, просекот е помеѓу 40 и 50 минути.

Во некои случаи, може да потрае помалку од 30 минути, но овие ситуации се многу ретки. Причините зошто може да трае подолго обично се должат на некои компликации, како пообилно крварење, потешко одвојување на плацентата, потешко затворање на раната. 

 se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-04.jpg

Закрепнување по царски рез

Закрепнувањето по царски рез не е едноставно. Сепак, повеќе слоеви од вашето тело биле отворени и повторно затворени.

Сè ќе се собере за неколку недели, но ќе бидат потребни неколку месеци за целосно заздравување.

 se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-05.jpg

Доење после царски рез

Можеби мислевте дека по царски рез нема да можете да го доите вашето бебе, но тоа не е вистина! Ќе биде малку покомплицирано, но не и невозможно. 

Вистинската позиција вреди злато во оваа ситуација.

Препорачаната положба за доење после царски рез е во полуседечка положба, понекогаш лежејќи.

se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-06.jpg

Кога е препорачливо повторно да забремените по царски рез?

Ако се земе предвид сериозноста на ситуацијата и операцијата што е направена, може да се каже дека не е препорачливо тоа брзо да се направи.

Според лекарите, се препорачува да се остави простор од околу 2 години помеѓу 2 бремености.

Тоа не значи дека не можете да забремените порано, туку дека се зголемуваат ризиците за компликации за време на бременоста или породувањето: оштетување на матката, позиционирање на плацентата, крварење, проблеми при породување.

Значи, ако планирате повеќе бебиња по царски рез, почекајте малку, но ако сепак забремените, не грижете се. Веднаш побарајте совет од вашиот лекар и следете ги сите упатства, па сѐ ќе биде во ред.

Секоја бременост по веќе направени два царски реза се смета за високоризична и може да дојде до: проблеми со плацентата, повреда на мочниот меур, обилно крварење.

 se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-07.jpg

Царски рез или природно породување?

Без оглед на породувањето, најважно е тоа дека секоја мајка го направила најдоброто за своето бебе и за себе. Ако таа е добро, бебето е добро, тие се заедно и уживаат, типот на породување е апсолутно неважен.

Вагинално раѓање значи контракции кои се зголемуваат во минута, болка, напнатост и грчеви, исцрпеност, неизвесност. 

Царскиот рез подразбира операција, големи ризици по здравјето на мајката и бебето, потешко и подолго закрепнување, потешко доење, компликации во постпородилното закрепнување.

И кој тогаш поминал подобро?

Зарем е важно? 

Какво и да било породувањето ние имаме нешто да порачаме: Браво, мамо!

se-za-carskiot-rez-kolku-pati-smeete-vaka-da-se-porodite-i-dali-e-polesno-od-prirodnoto-poroduvanje-08.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg