Како да познаете дали купувате копија или оригинал од познатите брендови?

Timberland чизми, Lacoste маички и Pandora белегзии – како да познаете дали купувате копија или оригинал од познатите брендови?

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-01.jpg

Кога станува збор за поскапи брендови, секогаш е добро да ги купувате од нивните продавници.

Но, ако налетате на нешто во друга продавница, добро би било да можете да познаете дали давате пари за копија или оригинал:

Timberland чизми

Ѓонот на оригиналните Timberland чизми не е бел. Бојата варира во зависност од бојата на самиот модел, но генерално има нијанса на карамела.

Логото е втиснато од страната, малку над ѓонот и секогаш е исправено. Исто така, принтот секогаш е јасен.

Нитните на дупчињата за врвките секогаш се метални, со златна или сребрена боја. Кај црните модели, можат да бидат и со потемна нијанса.

Исто така, нитните не се кружни, туку имаат агли.

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-02.jpg

Pandora белегзии

Накитот на овој бренд се прави со посебна техника што му дава уникатна нијанса.

На приврзоците е втиснато името на брендот и изгледа уредно. Исто така, приврзоците немаат никакви гребаници.

Белегзиите никогаш не се закопчуваат со магнет.

Оригиналната белегзија е крута, не може да се растегне и си ја задржува формата.

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-03.jpg

Lacoste маички на кратки ракави

Логото на брендот секогаш е направено со конец. Нема никакви грешки при шиењето и изгледа уредно.

Копчињата секогаш имаат две дупчиња. Оние кои прават копии обично не обрнуваат внимание на ова, па неретко им ставаат копчиња со четири дупчиња.

Копчињата имаат бисерно бела боја.

Кај повеќето машки модели на долниот дел од двете страни има засеци на блузите. Кај женските модели ги нема овие засеци.

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg