Американец нашол чудна и морничава пештера во близина на Област 51 – исчезнал кога отишол да ја види уште еднаш

Во 2014 година, Кени од САД напиша коментар на Јутјуб во кој зборува за чудна пештера што ја нашол во близина на Област 51 (Ареа 51). Кога сакал да влезе во пештерата, телото почнало да му вибрира, по што избегал. Коментарот се прослави, и Кени беше мотивиран повторно да ја најде пештерата, но овојпат да ја снима. За жал, по вториот обид Кени исчезна, а до денес од него нема ни трага, ни глас.

amerikanec-nashol-chudna-i-mornichava-peshtera-vo-blizina-na-area-51-ischeznal-koga-otishol-da-ja-vidi-ushte-ednash-01.jpg

Судбината на јутјуберот Кени Вич од САД кој исчезна во пештера во близина на Област 51 е една од најпопуларните урбани легенди во Невада. Област 51, позната и како Ареа 51, е воена база во САД за која кружат безброј теории на заговор.

Поради таинственоста на местото, многумина сметаат дека овде се чуваат докази за постоење на вонземјани и што уште не.

Во 2014 година, на видео за Област 51 во Невада, САД, Кени Вич напишал коментар во кој спомнува чудна пештера што ја нашол во областа.

Тој не ни бил свесен колкава популарност ќе стекне коментарот, но и дека ќе почне серија настани кои завршуваат трагично за него.

amerikanec-nashol-chudna-i-mornichava-peshtera-vo-blizina-na-area-51-ischeznal-koga-otishol-da-ja-vidi-ushte-ednash-08.jpg

Кени пешачел во близина на воздушната база Nellis, која се наоѓа во близина на Област 51.

„Еднаш за време на моите прошетки покрај воздушната воена база Nellis најдов скриена пештера. Влезот на пештерата имаше совршена форма како буквата М.

Секогаш сум влегувал во секоја пештера што ќе ја најдам, но како што почнав да влегувам во оваа пештера, целото тело почна да ми вибрира. Колку повеќе се доближував до пештерата, толку полошо стануваше вибрирањето.

Одеднаш многу се исплаши и избегав оттаму. Ова е една од најчудните работи што ми се имаат случено“.

amerikanec-nashol-chudna-i-mornichava-peshtera-vo-blizina-na-area-51-ischeznal-koga-otishol-da-ja-vidi-ushte-ednash-04.jpg

Многумина не му веруваа на Кени, а оние кои беа заинтригирани од неговото искуство, го мотивираа повторно да оди во пештерата и овојпат да ја снима.

На 18-ти октомври 2014 година, Кени објави видео насловено M Cave Hike (планинарење до пештерата М).

Во описот, Кени вели дека ја бара чудната пештера што ја сретнал на претходна прошетка.

Овојпат, Кени понел и мал пиштол, но во видеото открива дека не успеал да ја лоцира пештерата.

amerikanec-nashol-chudna-i-mornichava-peshtera-vo-blizina-na-area-51-ischeznal-koga-otishol-da-ja-vidi-ushte-ednash-07.jpg

Во коментари, многу јутјубери го критикуваа и го обвинуваа дека лаже и го провоцираа да оди во пештерата уште еднаш.

Од многуте коментари, се издвојува еден кој го предупредува Кени:

„Не, не оди таму. Ако ја најдеш пештерата, не влегувај внатре. Ако влезеш, нема да излезеш“.

amerikanec-nashol-chudna-i-mornichava-peshtera-vo-blizina-na-area-51-ischeznal-koga-otishol-da-ja-vidi-ushte-ednash-06.jpg

Сепак, во бројни коментари Кени истакнува дека шетањето и истражувањето на пустината не е ништо ново за него и дека не се плаши. Сепак, истакнува дека пештерата во Невада била застрашувачка.

„Сам се качувам на планински врвови на кои другите не би се осмелиле да одат. Сум бил по повеќе пештери отколку што можам да избројам. Но, оваа пештера надминува сè што имам сретнато“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg