Биле опседнати со гениталиите и аналниот секс - Што знаеме за народот Моче и неговите бизарни ритуали?

На своите богови им принесувале човечка крв, а жртвите претходно ги мачеле. Опседнати биле со анален секс, мајките имале секс дури и додека ги доеле децата. Обичаите на овој народ до ден денес не престануваат да ги згрозуваат луѓето.

bile-opsednati-so-genitaliite-i-analniot-seks-se-za-narodot-moche-i-negovite-bizarn-rituali-01.jpg

Цивилизацијата Моче се развила во периодот од 1-иот до 8-иот век од нашата ера на северниот брег на денешен Перу. 

Името го добила од големиот град Моче, во истоимената речна долина, која се чини дека била престолнина и главен град на оваа цивилизација.

Нивните населби се протегале по жешкиот, сушен брег на северниот дел на Перу од долината на реката Ламбаек на југ на повеќе од 215 милји (350 километри) до долината на реката Непења.

Луѓето од оваа цивилизација по многу нешта се разликувале од другите народи, а зад себе оставиле бизарни траги кои укажуваат на тоа дека го обожавале аналниот секс и истиот кај нив заземал посебно место.

Меѓутоа тоа не е единствената работа што ги исполнувала, а може да се каже дека секоја нивна активност на некој начин била бизарна.

bile-opsednati-so-genitaliite-i-analniot-seks-se-za-narodot-moche-i-negovite-bizarn-rituali-12.jpg

Археолозите кои ги проучувале нивните гробници, садовите коишто ги користеле и фреските, велат дека биле запрепастени од глетката.

Начинот на принесувањето човечки жртви, како и сексуалната бизарност, се само дел од работите кои ги цртале по ѕидовите.

Општо гледано, оваа цивилизација била доста развиена и според археолошките артефакти се добиваат уште подетални информации за овој народ.

За разлика од другите древни народи, тие немале ниту азбука ниту календар. 

Биле познати по вештото бојадисување керамика, изработката на производи од злато, грандиозни споменици, водоводни системи и слични архитектонски подвизи.

bile-opsednati-so-genitaliite-i-analniot-seks-se-za-narodot-moche-i-negovite-bizarn-rituali-13.jpg

Биле исклучително работливи и снаодливи

Моче биле доста работливи, но и иновативни. Успеале дури и пустинските области да ги претворат во плодни земјоделски површини.

Невообичаените градби на просторите на кои живееле, како што се пирамидите, исто така ги прават посебни. 

Животните имале важна улога во општеството. Бувовите и лилјаците според овој народ симболизираат смрт и обновување.

Исто така биле борбени, а по победите во војните практикувале одредени ритуали како што е принесувањето човечки жртви на бизарен начин. 

bile-opsednati-so-genitaliite-i-analniot-seks-se-za-narodot-moche-i-negovite-bizarn-rituali-02.jpg

На следната страница прочитајте повеќе за религиозните ритуали и изопачената опсесија со секс на Моче народот...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg