Му дала 4 милијарди долари, му го препишала богатството: Како фотограф ја измамил наследничката на L'Oreal?

Познат фотограф успеал да извлече огромна сума пари од една од најбогатите жени на светот – наследничката на L'Oréal, а еден период бил и нејзин единствен наследник. Измамите на фотографот биле откриени благодарение на ќерката на богаташката...

kako-zapochnala-najgolemata-afera-vo-istorijata-na-francija-mlad-fotograf-izvlekol-2-milijardi-dolari-od-senilna-bogatashka-01.jpg

Милијардерката Лилијан Бетанкур, наследничка на познатата компанија L'Oréal, пред својата смрт беше најбогатата жена на светот, а пред 14 години го шокира светот кога се дозна за една од најголемите афери во историјата на Франција.

Во период од околу 20 години, таа му подарила вкупно 2 милијарди долари на 25 години помладиот фотограф Франсоа-Мари Баниер.

Парите му биле исплатени преку готовина, полиси за животно осигурување и вредни уметнички предмети.

Во тоа време, богатството на Лилијан се проценувало на 44 милијарди долари.

kako-zapochnala-najgolemata-afera-vo-istorijata-na-francija-mlad-fotograf-izvlekol-2-milijardi-dolari-od-senilna-bogatashka-12.jpg

Кој е Баниер и како дошол до Лилијан?

Во 1987 година, уметникот, фотограф и писател Франсоа-Мари Баниер дошол во прекрасната вила на милијардерката Лилијан Бетанкур, со цел да ја фотографира за француското списание Egoïste

Баниер веќе бил познат фотограф кој ја фотографирал француската елита и се дружел со тие луѓе. 

Некои од неговите познати пријатели биле Пјер Карден, Франсоа Саган, Семјуел Бекет, Кејт Мос, Мик Џегер...

Тој е близок пријател и со Џони Деп и неговата поранешна сопруга Ванеса Паради, а кум е и на нивната ќерка Лили-Роуз.

Баниер очигледно имал дарба да се зближува и да се спријателува со повеќето познати луѓе со кои работел, но од никој од нив не се „офајдил“ како од Лилијан. 

Од познатата милијардерка на подарок добил слики од Пикасо, Мондријан, Анри Матис...

Извесен период и официјално важел за единствен наследник на нејзиното огромно богатство, освен акциите кои Лилијан претходно ѝ ги префрлила на ќерката Франсоа Мајерс и нејзините две деца.

kako-zapochnala-najgolemata-afera-vo-istorijata-na-francija-mlad-fotograf-izvlekol-2-milijardi-dolari-od-senilna-bogatashka-03.jpg

Борба за семејното богатство и нови скандали

Кога Франсоа Мајерс го наследила богатството на нејзината мајка, ја добила и титулата најбогата жена на светот.

Тој период дознала и за вртоглавата цифра што Баниер, според нејзините зборови, ги извлекол од нејзината мајка, па во 2009 година го тужела за „ментално искористување на физички нестабилна личност“. 

Лилијан тогаш имала 87 години.

Судењето траело околу една година, бидејќи Лилијан одбила психолошка процена. 

kako-zapochnala-najgolemata-afera-vo-istorijata-na-francija-mlad-fotograf-izvlekol-2-milijardi-dolari-od-senilna-bogatashka-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg