Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието
-->
Избегнувајте да го користите телефонот кога сте во друштво на други луѓе. Ако сепак мора да одговорите на повик, порака или мејл, извинете се.
Кога снимате видеа во јавност, почитувајте ги другите луѓе – ако некој не сака да го снимате, послушајте го. Потоа, немојте да користите случајни минувачи за да снимате шеги за социјалните мрежи и слично.
Ако ставите некој на спикер додека зборувате на телефон, кажете му го тоа. И, не користете спикер во јавност.
-->
Кога купувате подарок за бебе, препорачливо е да ја чувате сметката, особено ако станува збор за облека, за родителите да можат да ја заменат доколку не е точна.
Кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаат ограничувања во храната – дали се алергични на нешто, дали постат, дали се вегетаријанци…
Кога одите на гости, не се појавувајте со празни раце – однесете барем шише вино или бонбониера.
Кога запознавате некој, немојте сами да погодувате дали е во врска, во брак или сингл. Најдобро е и да не прашувате, туку да почекате соговорникот сам да ви каже ако смета дека има потреба.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи
Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години
Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот
Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон
Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите
Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...