Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието
-->
Не праќајте гласовни пораки, а кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаат ограничувања во исхраната – дали се алергични на нешто, дали постат, дали се вегетаријанци… Кои модерни бон-тон правила е добро да ги имате предвид?
Како што ни се менува начинот на живот, се менуваат и правилата на кои треба обрнуваме внимание.
-->
На пример, сега најпопуларна е онлајн комуникацијата, што значи мора да воведеме некои правила за ова.
Неколку модерни бон-тон правила кои треба да ги почитувате:
Кога сте излезени на ручек со друштво или сте собрани во нечиј дом, почекајте сите да добијат храна пред да почнете да јадете.
Кога ќе завршите со јадење, немојте во чинијата да ја ставите салфетката со којашто ќе се избришете, туку ставете ја до чинијата.
Кога со рака цедите парче лимон врз храната, направете преграда со другата рака за да не ги испрскате луѓето околу вас.
-->
-->
Кога треба да испратите подолга порака на работа, немојте да користите месинџер или слични апликации, туку испратете ја по мејл. На овој начин пораката ќе биде попрегледна, а и ќе делувате попрофесионално.
-->
Не објавувајте фотки од други луѓе без да побарате дозвола од нив.
Избегнувајте да праќате гласовни пораки или, доколку немате друга опција, нека бидат што е можно пократки.
-->
Кога некој ќе ви испрати порака онлајн или на телефон, потрудете се да одговорите во рок од осум часа. Дури и ако станува збор само за шега од некој ваш пријател. Со ова покажувате почитување.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи
Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години
Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот
Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон
Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите
Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...