Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 години

Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била украдена. Цели 18 години подоцна, таа сосема случајно ја пронашла, а жената што ја украла завршила во затвор…

i-go-ukrale-bebeto-od-rodilishte-seleste-od-juzna-afrika-ja-pronashla-svojata-kjerka-po-18-godini-01.jpg

Селесте Нурс од Јужноафриканската Република 18 години го чекала моментот да застане пред жената која пред толку години ѝ ја украла ќерката Зефани.

Пред судиите раскажала дека 3 дена лежела во болнички кревет по породувањето со царскиот рез.

Во еден момент, додека бебето плачело, во собата влегла жена облечена како медицинска сестра и прашала дали сака да го земе бебето и да го однесе да се смири.

Селесте ѝ дозволила, а подоцна во нејзината соба влегла друга медицинска сестра и прашала каде е бебето. Во тој Селесте сфатила дека другата жена лажела.

Шокираната Селесте и медицинската сестра ја пребарале целата болница, но не го нашле бебето. Се покажало дека жената влегла со намера да го киднапира детето и успеала. 

View this post on Instagram

A post shared by Zephany Nurse (@zephany_nurse)

Настанот се случил во 1997 година. Оттогаш, Селесте родила уште три деца. 

Се развела, имала рак и, за среќа, оздравела, а потоа и повторно се омажила. Но, болката за првородената ќерка никогаш не поминала.

Секоја година ѝ го славела роденденот.

i-go-ukrale-bebeto-od-rodilishte-seleste-od-juzna-afrika-ja-pronashla-svojata-kjerka-po-18-godini01.jpg

Во 2009 година добила повик од жена која ѝ побарала 33.000 долари доколку сака да добие информација за ќерка ѝ Зефани. 

Селесте договорила средба со жената и за сѐ ја известила полицијата. 

Но, жената што се јавила никогаш не дошла на состанокот.

„Никогаш не изгубив надеж. Знаев дека моето дете е таму некаде и ќе го најдам и ќе дојде дома“, изјавила Селесте во 2010 година.

Во јануари 2015 година, втората ќерка на Селесте, Кесиди, почнала да оди на училиште со девојче кое премногу наликувало на неа. 

Девојчето по име Мише Соломон и Кесиди станале и најдобри пријателки.  Селесте се посомневала дека Мише е всушност нејзината Зефани. 

Ја повикале девојката на ручек и ја прашале кога се родила. 

Селсете направила истражување и кога собрала доволно информации за девојчето, се обратила до властите и побарала ДНК анализа која покажала дека девојката навистина е Зефани.

Лавона Соломон, жената која ја посвоила Зефани, се нашла на суд. 

Таа тврдела дека ја посвоила својата ќерка бидејќи не можела да забремени. 

Рекла и дека при посвојувањето ѝ било кажано дека мајката се откажала од ќерката.

Но, властите се сомневаат дека токму Лавона ја киднапирала Зефани.

Таткото на Зефани бил целосно ослободен од каква било вмешаност со киднапирањето.

Мише Соломон одлучила да го задржи името со кое е порасната и вели дека ѝ простила на Лавона и редовно ја посетува во затвор.

Денес и таа е мајка на 2 деца и сѐ уште живее во домот на родителите кои ја посвоиле, но е блиска и со нејзиното биолошко семејство.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg