Најмладиот сериски убиец во светот: На 8 години ја убил сестра му

Во 2007 година, осумгодишниот Амарџит Сада имал насмевка на лицето додека го носеле во полициска станица, во врска со убиство на новороденче. Сада, познат како најмладиот сериски убиец на светот, бил приведен по три убиства.

najmladiot-seriski-ubiec-vo-svetot-prvoto-zlostorstvo-go-napravil-na-svoi-8-godini-a-ja-ubil-i-svojata-mala-sestrichka01.jpg

Амарџит Сада бил роден во сиромашно семејство, неговите родители биле работници во Бихар, Индија, а раѓањето на неговата сестра дополнително му отежнало на семејството.

Како осаменик по природа, Амарџит немал пријатели, а времето го поминувал качувајќи се по дрвја и шетајќи низ селото.

Неговиот живот добил неочекуван пресврт кога ги посетила неговата тетка со нејзината шестгодишна ќерка.

Неколку дена подоцна, тетка му и мајка му излегле од дома и од тој ден животот на Сада се сменил.

Кога тогаш 8-годишниот Сада и девојчето останале сами, најпрво тој почнал да ја штипка и да ја удира со шлаканици, а додека таа плачела, тој ги ставил рацете околу нејзиниот врат и ја задавил до смрт.

Сепак, неговите родители го заштитиле дури и откако го признал злосторството, а тој не чекал долго за да ја нападне неговата следна жртва – сестра му.

najmladiot-seriski-ubiec-vo-svetot-prvoto-zlostorstvo-go-napravil-na-svoi-8-godini-a-ja-ubil-i-svojata-mala-sestrichka-01.jpg

Едно зимско попладне, кога неговите родители спиеле, вниманието на Амарџит се свртело кон неговата сестра. Наводно, ја подигнал од креветчето и ја задавил до смрт.

Кога дознала мајка му и го прашала дали тој го направил злосторството, тој рекол: „Да“. На прашањето зошто, тој само одговорил: „Така“.

Но, родителите уште еднаш не го пријавиле во полиција.

Полицијата го открила Амарџит

За време на неговото последно убиство во 2007 година, Амарџит бил фатен од полицијата. Овој пат станувало збор за шестмесечно девојче.

Амарџит признал дека ја задавил и ја удрил со цигла, а потоа ја закопал. Дури и ги одвел селаните на местото каде што ја закопал.

Амарџит имал осум години кога конечно бил повикан во полиција. Наводно, бил смирен и присебен, без трошка страв и каење на лицето за она што го направил.

53a876e857b68_thumb900.jpg

Полицајците биле запрепастени од сето тоа, а Сада ги одвел и на местото каде што ја закопал последната жртва – парцела зад локално основно училиште.

Тој потоа мирно продолжил да ѝ раскажува на полицијата за неговите претходни убиства.

Бидејќи во моментот на извршување на убиствата бил малолетник, тој бил испратен во дом за малолетници и задржан во изолација.

Лекарите кои го лекувале наводно рекле дека има нарушување во однесувањето, при што уживал да им нанесува повреди на другите.

research-study-and-puzzle-solving-concept-illustration.jpg

Според извештаите, кога Амарџит наполнил 18 години во 2016-та, бил ослободен под нов идентитет и сега никој не знае каде се наоѓа.

До денес, тој важи за најмладиот сериски убиец во светот.

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg