Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите?

Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“ за добар прв впечаток. Но, не претерувајте и не дозволувајте состанокот да ви помине како некоја стендап комедија.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpechatok-shto-smeete-a-shto-nikako-ne-smeete-da-pravite-01.jpg

Оставањето добар прв впечаток можеби е поважно отколку што мислите. Не станува збор само за покажување на вашиот физички изглед, туку зад сето тоа се крие една вистинска психологија. Придобивките од тоа да оставите добар впечаток и да бидете помеѓу „омилените“ личности, има многу придобивки.

На пример, ќе си ја зголемите самодовербата, подобро ќе се чувствувате во своја кожа, ќе воспоставите значајни врски и уште многу други работи…

Но, не секогаш е лесно да се остави добар прв впечаток. За таа цел треба да знаете како да се однесувате, што смеете, а што не смеете да правите.

Па, најпрво погледнете што треба да правите на првата средба:

Обрнете внимание на говорот на телото. Првиот впечаток не е само она што го кажувате, туку и како кажувате. Внесете невербални знаци, самоуверено држете го телото, имајте директен контакт со очите.

Покажете дека имате ентузијазам и возбуда. Бидете полни со ентузијазам, на пример спомнете како вие и вашите пријатели сте си поминале одлично на концерт или во дискотека минатата недела. Со ова ќе покажете дека сте личност која знае да ужива во животот и дека сте некој со кого вреди другите да поминуваат повеќе време.

Облечете се убаво, но бидете достојни на својот стил. Првиот впечаток почнува уште пред да се поздравите, а вашата облека на некој начин раскажува приказна за вас. Затоа, носете нешто што прави да се чувствувате самоуверено, но и држете се верно на она што сте.

Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во рецептот за добар прв впечаток. Но, не претерувајте и не дозволувајте состанокот да ви помине како некоја стендап комедија.

Контактот со очите игра голема улога. Чувствувате дека доаѓа непријатна пауза во разговорот? Па, добро е да одржувате контакт со очите што, пак, може да ја зголеми довербата кај вас.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpechatok-shto-smeete-a-shto-nikako-ne-smeete-da-pravite-03.jpg

Не доцнете. Бидете точни, зашто со тоа ќе испратите јасен знак дека сте доверливи и дека сте достојни за почит, поставувајќи позитивни основи за она што следува.

Хигиената нека ви биде на највисоко ниво. На крајот на краиштата, чистотата не е само добра навика, туку е универзален сигнал за добро здравје. Обрнете внимание на основната хигиена, затоа што е од особена важност за првиот впечаток.

Ракувајте се. Цврстото, но нежно ракување ќе биде вашиот одличен избор за првиот состанок.

Дајте искрен, позитивен комплимент. Пофалете го местото коешто е избрано или пак точноста на личноста со која се состанувате. Да бидеме искрени, кој не би сакал какви било пофалби?

Зборувајте за заедничките интереси. Откривањето дека и двајцата сакате рок-музика или дека обожавате да посетувате исти кафулиња, ви отвора нови теми за разговор, а притоа повеќе ќе можете да се поврзете.

Не коментирајте за негативните работи. Дозволете си разговорот постојано да ви биде „сончев“. Постојаното негодување за тоа колку е лош сообраќајот или колку не ви се допаѓа работното место, нема да ви донесе ништо добро. Одржувајте го разговорот забавен и позитивен.

Вооружете се со интересни прашања. Поставувајте интересни прашања и така ќе ја избегнете секоја непријатна тишина. Не се работи за тоа само да ја пополните празнината, туку и да покажете дека сте вистински заинтересирани. На овој начин ќе оставите прв впечаток како на незаборавен соговорник.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpechatok-shto-smeete-a-shto-nikako-ne-smeete-da-pravite-04.jpg

За кои работи има големо НЕ и строго се забранети за првата средба, погледнете во продолжение:

Не преценувајте се премногу. Сите понекогаш имаме сретнато некој кој мисли дека е најдобар во сè. Преценувањето на вашите способности и покажувањето на тоа пред луѓето, може да ги натера да мислат дека не сте толку добри колку што тврдите дека сте. Со други зборови, самодовербата е добра, но преголемата самодоверба може да го оцрни вашиот прв впечаток.

Не жалете се премногу. Ако вашиот разговор повеќе се однесува на поплаки, отколку на позитивните работи, тогаш сигурно нема да го оставите добриот впечаток што го посакувате.

Не фалете се премногу. Понекогаш вашите искрени обиди да ја докажете вашата вредност може да резултираат со контраефект, правејќи да изгледате очајно, па дури и несигурно.

Давање премногу информации. Останете до некој степен мистериозни, тоа ќе ви ја зголеми привлечноста и ќе ви помогне да оставите подобар прв впечаток. Никој не треба да знае за вашите животни предизвици и неволји уште во првите десет минути.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpechatok-shto-smeete-a-shto-nikako-ne-smeete-da-pravite-02.jpg

Невнимание. Најбрзиот и најлесниот начин да го уништите првиот впечаток е да изгледате незаинтересирано или расеано. Погрижете се за тоа да бидете целосно присутни за време на состанокот. Спуштете го телефонот и обрнете внимание на личноста пред вас.

Преправање. Понекогаш луѓето премногу се трудат да ги избегнат своите негативни особини, при што заминуваат во спротивна насока. На пример, ако природно сте повеќе молчаливи, а за време на состанокот се трудите да бидете премногу зборливи, тоа може да не изгледа толку убаво.

Предвремено судење. Исто како што и вие се трудите да оставите добар прв впечаток, запаметете дека и соговорникот го прави истото. Бидете внимателни при донесувањето одлуки врз основа на површни фактори. Дајте си време и оставете впечатокот природно да се формира.

Па, ако запознавањето нови луѓе ве прави нервозни, тогаш запаметете дека не сте сами. Но, важно е да научите како треба да се однесувате со цел да го прикажете најдоброто од себе.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg