„Ја заборавив дома“ – Кој ви беше омилен изговор кога немавте напишано домашна?

„Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“. Кој е најсмешниот изговор што некогаш сте го слушнале за неносење домашна работа на час?

go-zaboraviv-doma-koj-vi-beshe-omilen-izgovor-za-toa-shto-nemate-domashna-rabota-01.jpg

Колку често ви се случило да не однесете домашна работа на час, па да морате да се служите со креативни изговори затоа зошто не сте ја сработиле работата?

Ако сте биле од оние одговорни ученици што секогаш биле подготвени за на час, сигурно барем еднаш во животот сте имале можност да слушнете некоја смешна и бизарна приказна од вашите соученици, со која се труделе да ги убедат наставниците.

Корисници (и наставници) на Редит споделуваат кои се најчестите изговори со кои учениците се служат кога треба да се оправдаат зошто не донеле домашна работа, а некои од нив добро ќе ве насмеат.

Погледнете дел од изговорите во продолжение:

„Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“.

„Еден ученик ми кажа дека неговиот папагал успеал да влезе во каминот и се запалил.

Потоа продолжил да лета низ дневната и таткото на детето се обидел да го удри со тава, затоа што се уплашил дека ќе се запалат завесите.

Таткото успеал да го удри и да го однесе во кујната, по што го ставил под чешма за да го угасне.

Потоа ми рече дека затоа заборавил да ја напише домашната. Му простив затоа што тоа беше најкреативната приказна што сум ја слушнал цела година“.

go-zaboraviv-doma-koj-vi-beshe-omilen-izgovor-za-toa-shto-nemate-domashna-rabota-02.jpg

„Еден од моите соученици рече дека кучето му ја искинало домашната... А, всушност има мачка и домашната требаше да се прати по мејл“.

„Ми се потроши пенкалото“.

„Леле, имавме домашно? Не слушнав...“.

„Ја заборавив дома“.

„Не го разбирам материјалот и се изнервирав. Се трудев, но никако не ми одеше. Ве молам помогнете ми“.

„Кога се миев, ми влезе сапун во очите, не гледав ништо и не можев да ја напишам домашната“.

go-zaboraviv-doma-koj-vi-beshe-omilen-izgovor-za-toa-shto-nemate-domashna-rabota-04.jpg

„Татко ми по грешка ја стави мојата тетратка во чанта и ми ја зеде домашната на работа“.

„Ме болеше прстот, не можев да го држам пенкалото...“.

„Кучето ми ја искина тетратката“.

„Мојата помала сестра ми ја искина тетратката со домашната“.

Кој беше вашиот омилен изговор затоа што немате домашна работа? Кој е најсмешниот изговор што некогаш сте го слушнале?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg