Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија?

„Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „Животот е чудо“, а денес прерасна во туристички центар кој ги воодушевува посетителите.

drvengrad-na-kusturica-01.jpg

Џони Деп и Гаел Гарсија Бернал, режисерите Никита Михалков, Џим Џармуш и Абас Кјаростами беа меѓу првите познати личности кои го посетија филмскиот фестивал „Кустендорф“, кој се одржува традиционално секоја година во „Дрвенград“.

Ако сакате да прошетате низ тесните улички именувани по истакнати личности, да ја почувствувате фантастичната и мистична атмосфера на местото кое наликува на град од бајките задолжително мора да го посетите прекрасното етно село „Дрвенград“ изградено од познатиот режисер Емир Кустурица.

Интересно е тоа што „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „Животот е чудо“, а денес прерасна во туристички центар кој ги воодушевува посетителите.

Сместено меѓу двете планини Тара и Златибор, етно селото „Дрвенград“ е совршено место за вас доколку сакате да се релаксирате.

Тука можете да ја посетите црквата која е изградена според традицијата на руските дрвeни цркви и е посветена на Св. Сава, основачот на Српската автокефална христијанска православна црква.

View this post on Instagram

A post shared by Drvengrad Mećavnik (@mecavnik_drvengrad)

Љубителите на уметноста може да ја посетат уметничката галерија, да ја изнајмат својата омилена книга од библиотека или пак да се релаксираат во единственото кино во градот наречено „Андерграунд“ по еден од најпознатите филмови на Кустурица.

Откако ќе се изморите од прошетката, Можете да појдете во слаткарницата со домашни слатки или пак да го посетете ресторанот во кој се служи храна од традиционална српска кујна.

Дрвените куќички сместени на плоштадот, му даваат посебен шмек на градот во кој живеат околу 605 жители.

Интересен е и фактот што во ова место улиците се именувани по некои познати личности.

Главната улица го носи името на нобеловецот, писателот Иво Андриќ.

Ернесто Че Гевара, аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, познатите филмски режисери Федерико Фелини и Ингмар Бергман, Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот се само дел од познатите чие име го носат уличките во „Дрвенград“.

„Дрвенград“ беше прогласен за најдобро архитектонско достигнување во Европа во последните три години и доби статус на град-хотел со четири ѕвезди, од страна на бриселската „Фондација за архитектура Филип Ротиер“ во 2005 година.

Тука традиционално се одржува и меѓународниот филмски фестивал „Кустендорф“, а она што е особено интересно е церемонијата „погреб на лоши филмови“ што се одржува на гробиштата на Bad films.

Првиот филм „закопан“ овде беше „Die hard 4.0“.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
Фрлаат бебиња од кров, жените ги венчаваат со бикови: Морничави индиски ритуали кои го згрозуваат св... Женските деца се сметаат за товар, па често и се убиваат додека се бебиња, се ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg