Најбогатото куче на светот живее во раскош - поседува вили и јахти, а на одмор оди со приватен авион

Богатството го наследил од својот татко, а за него е снимена и серија на Нетфликс. Германскиот овчар Гантер живее живот каков сите посакуваме, а „тежи“ речиси половина милијарда евра.

najbogatoto-kuche-na-svetot-zivee-vo-raskosh-poseduva-vili-i-jahti-a-na-odmor-odi-so-privaten-avion-01.jpg

Германскиот овчар Гантер IV „тежок“ скоро половина милијарда евра е на врвот на листата на најбогати кучиња во светот.

Титулата најбогато куче во светот ја наследил од својот татко, Гантер III, исто така германски овчар.

Гантер III во 1992 година наследил околу 80 милиони долари од својата покојна сопственичка, германската грофица Карлот Либенштајн.

najbogatoto-kuche-na-svetot-zivee-vo-raskosh-poseduva-vili-i-jahti-a-na-odmor-odi-so-privaten-avion-02.jpg

Либенштајн немала деца, бидејќи нејзиниот единствен син Гантер се самоубил, немала ниту роднини на кои би го оставила богатството, нејзиното милениче Гантер III бил единствен наследник.

Пред нејзината смрт во 1992 година ја основала фондацијата „The Gunther Corporation" и кучето го обезбедила за цел живот.

Освен големата сума пари, Гантер IV од својот татко наследил и вила во Мајами, која некогаш ѝ припаѓала на Мадона, а била купена за 7 милион долари.

najbogatoto-kuche-na-svetot-zivee-vo-raskosh-poseduva-vili-i-jahti-a-na-odmor-odi-so-privaten-avion-07.jpg

Во 1999 година се појавила информација дек Гантер „сака“ да ја купи вилата на Силвестер Сталоне, но тоа било маркетиншки трик.

Нетфликс сними и документарна серија „Милионите на Гантер“ во која е прикажан животот на кучето.

najbogatoto-kuche-na-svetot-zivee-vo-raskosh-poseduva-vili-i-jahti-a-na-odmor-odi-so-privaten-avion-10_copy.jpg

Гантер има лично обезбедување, јаде шницли со златни снегулки, пие флаширана вода, на одмор оди со приватен авион, а храната му ја подготвуваат лични готвачи.

Редовно посетува стилист за кучиња, за во секое време да биде подготвен за снимање.

Спие на кревет од црвен сомот дизајниран по мерка во Италија, а креветот му е наместен на подот во спалната соба во која спиела и Мадона.

Неговите старатели активно трагаат по начини за проширување на брендот „Гантер“, па се размислувало и за тоа кучето да комуницира со своите фанови преку некоја онлајн платформа.

Пријавената нето вредност на неговото богатство во 2023 година изнесувала околу 400 милиони долари.

Тој поседува имот кој вклучува вили во Италија, Германија, недвижнини и земјиште на Бахами, приватни авиони и јахти.

najbogatoto-kuche-na-svetot-zivee-vo-raskosh-poseduva-vili-i-jahti-a-na-odmor-odi-so-privaten-avion-04_copy_copy.jpg

Многумина се прашуваат како е можно едно куче да има толкаво богатство?

Кога сопственикот препишува имот и пари во наследство на своето милениче, парите обично се ставаат во доверба кај лице именувано да носи одлуки за тоа како ќе се трошат.

Кој ќе биде наследник на Гантер IV не е познато, меѓутоа се претпоставува дека парите ќе останат во компанијата и ќе продолжат да се вложуваат во животните на кои им е потребен подобар живот.

najbogatoto-kuche-na-svetot-zivee-vo-raskosh-poseduva-vili-i-jahti-a-na-odmor-odi-so-privaten-avion-05.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Хит реакција на мало девојче кое за првпат го гледа татко си без брада – „Кој е овој човек?“ Татковците и ќерките имаат посебна конекција, а реакцијата на ова девојче кое за...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg