Кафето ја открива вашата личност

Има ли подобар пријател рано наутро од една полна шолја кафе? Пред да ги отвориме одморените очи, како маѓепсани одиме кон кафе-апаратот со само една единствена желба – што побрзо да го вкусиме својот омилен вкус.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-01

Секој од нас има омилен вкус и специфичен ритуал, па затоа во следните неколку редови откријте што тоа кажува за вашата личност.

Црно кафе
Вие сте директни и едноставни, не сакате игри и нерасчистени сметки. Сакате да го живеете животот со полни гради, тешко ги менувате веќе усвоените навики, но кога еднаш ќе ги промените заборавате дека некогаш сте биле поразлични.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-1

Бело кафе

Љубителите на бело кафе се вечни сонувачи, по малку дури и детинести. Верувате во добрината на луѓето и сте вечни оптимисти. Нежни сте и загрижени кога станува збор за некој кој ви значи живот.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-2

Еспресо

Се работи за интелектуални личности со цврсто зацртани животни цели. Оние кои ве познаваат често мислат дека сте нестрпливи и претерувате, додека вие само верувате во она што го посакувате.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-3

Лате

Кафето кое го избираат вечните деца. Понекогаш се чувствувате премногу безгрижно, сакате игри, дружења и забави. По малку сте наивни, но сепак сте големи авантуристи кои уживаат во сеќавањата на минатото и детството.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-4

Капучино

Го обожаваат исклучиво уметничките души. Вие сте автентична личност, понекогаш малку расеана. Обожавате да ги анализирате сопствените животни избори и уживате во секој пад и успех кој сте го доживеале.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-5

Мока

Вие вечно го избегнувате секој конфликт и сте прилично отворена личност. Кога земате мала голтка од ова кафе, се буди позитивно чувство во вас. Опуштени сте, живеете со голема леснотија, лојални сте на нештата кои ви значат и многу чувствителни.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-6

Макијато

Го пијат префинети личности со истенчен вкус. Големи хедонисти се и за нив животот е уживање во малите нешта.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-7

Кафе без кофеин

Личностите кои го консумираат сакаат да ги држат работите цврсто под контрола, понекогаш дури знаат да бидат и опсесивни или посесивни. Одговорни се, посветени и се грижат за своето здравје.

kafeto-ja-otkriva-vasata-licnost-8

Кое е вашето омилено утринско кафе?

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg