Направи сам: Штедна касичка во облик на прасе

Никогаш не е предоцна да заштедите некој денар, посебно ако ова лето планирате да одите на егзотичен одмор. Овој едноставен проект ќе ви помогне да ги рециклирате пластичните шишиња, наместо да ги фрлате, а притоа и ќе заштедите.

napravi-sam-stedna-kasicka-vo-oblik-na-prase-01

Потребно ви е:

  • Ножички
  • Шарена хартија или спреј
  • Пластично шише
  • Лепило
  • Скалпел
  • Црна силиконска боја
  • Тапи

napravi-sam-stedna-kasicka-vo-oblik-na-prase-02

Постојат два начини на кои може да ја изработите касичката, но најпрво исечете го средишниот дел на шишето, околу 20тина сантиметри. Задниот дел и предниот спојте ги и залепете.

Измерете го обемот на шишето, исечете хартија и залепете на долниот дел, доколку се решивте дека сакате вашето прасе да биде шарено и обвиткано. Доколку сакате да го обоите со спреј, само испрскајте.

napravi-sam-stedna-kasicka-vo-oblik-na-prase-05

Ушињата исечете ги од украсна хартија во облик каков што сакате, а потоа превиткајте ги малку на долниот дел, каде што треба да ги залепите.

napravi-sam-stedna-kasicka-vo-oblik-na-prase-03

На крајот исечете мал простор од горниот дел на прасето, за да направите место каде што ќе ги пуштате парите.

napravi-sam-stedna-kasicka-vo-oblik-na-prase-04

Декорирајте и украсувајте ја касичката по ваша желба. Бидете креативни и додадете очиња и носе со црна силиконска боја, украсниот розов федер нека ви послужи како опавче, а тапите нека ви послужат како нозе.

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg