Совети за разладување

Летото со себе носи една многу непријатна појава, а тоа е неподносливата топлина. Таа навистина го намалува квалитетот на животот во многу моменти, но сепак не заборавајте дека постојат некои едноставни трикови со кои ќе можете лесно да ја надминете.

neobicni-soveti-za-razladuvanje-01

Не можете да заспиете од топлина?

За овој проблем ќе ви помогне лесна свилена постелнина. Иако е скапа, свилата е одлична за регулирање на температурата, па затоа и вреди да одвоите малку повеќе пари. Станува збор за хипоалергенски материјал, па е одлична ако имате црвенило или осип.

Оладете ги зглобовите и другите топли делови

Држете ги зглобовите 10 секунди под ладна вода. Тоа ќе ја намали телесната температура барем на еден час. Исто така со ладна и мокра крпа поминете околу вратот, колената и стапалата. Држете ги крпите во ладилникот и употребете ги кога ќе ви стане жешко.

Не носете тежок метален накит

Тешкиот метален накит ќе ја впие топлината, а телото потоа повторно ќе ја апсорбира.

„Да“ за лутите зачини

Луто кари или некој друг лут зачин го зголемуваат потењето, а со тоа телото ќе се олади полесно.

neobicni-soveti-za-razladuvanje-03

Вентилатор на под

Максимално делување на вентилаторот се постигнува кога е поставен на ниво на подот додека вентилаторот е насочен нагоре. Исто така, пред вентилаторот може да поставите мраз, па така воздухот ќе поминува низ него, со по некоја капка студена вода.

Крема во ладилник

Кремите за тело чувајте ги во ладилник. Така убаво ќе се разладите по туширањето.

За домашните миленици

Подлогата за вашите миленици не смее да биде синтетичка бидејќи ќе ја задржува топлината. Дозволете им да лежат на плочките.

Исклучете ги електричните апарати

Не ги оставајте електричните апарати уклучени и кога не ви требаат. Ќе бидете изненадени колку топлина создаваат кога не се сосема исклучени.

Јогурт и овошје наместо сладолед

Наместо сладолед, измиксирајте ладен јогурт и овошје. Јогуртот има повеќе вода и помалку калории па затоа подобро лади од сладоледот.

neobicni-soveti-za-razladuvanje-02

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg