Зошто е здраво да сте оптимисти?

Оптимизмот не само што ви го збогатува и разубавува животот, туку и ви го продолжува. Ова тврдење е многу пати докажано, а луѓето не се свесни дека самата промена на мислите може да ви го промени животот во позитивен правец.

zosto-e-zdravo-da-ste-optimisti-01

А, зошто е здраво да бидете оптимисти?

Здраво срце

Истражувањето од 2012 година тврди дека позитивниот став влијае многу позитивно на срцето. Психолошкото здравје е важен фактор за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар, како и на други кардиоваскуларни проблеми. Затоа среќните луѓе се склони кон поздрави животни навики, што додатно влијаат позитивно.

Подобро справување со стресот

Понекогаш тешко е да размислувате позитивно кога сте под стрес, но сепак оптимизмот може да ви помогне побрзо да се оправите од незгодните ситуации. Едно истражување покажало дека во стресните ситуации многу подобро е да имате позитивен став, затоа што така побргу се разрешува проблемот.

Низок ризик од мозочен удар

Исто како и кај срцевите болести, така и во случајот со мозочен удар позитивните мисли помагаат најмногу. Истражувачите не се дојдени до конкретен заклучок за оваа поставка, но сепак во текот на над 6000 испитани лица, се докажало дека оние со позитивни мисли никогаш не доживеале мозочен удар или некоја слична здравствена состојба.

Подобро совладување на емоциите

Резултатите од многу истражувања докажуваат дека оние кои преживеале земјотреси, поплави или било какви трауматични искуства, подобро се справуваат со нив кога имаат позитивен став. Оптимистичните војници имале понизок степен на депресија, што уште еднаш укажува дека траумите не секогаш мора да носат последици.

Подолг живот

Оптимизмот штити од голем број на здравствени компликации, а воедно е и тесно поврзан со долгиот животен век. Истражувањето спроведено помеѓу 243 стогодишни лица покажало дека огромен процент од нив кон животот гледале со “розови очила”, односно имале едноставни и позитивни ставови.

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg