Би јаделе ли во тоалет – ресторан?

„Magic Restroom Cafe“ е оригиналното име на првиот тоалет-ресторан отворен во Лос Анџелес. Модерен, порцелански амбиент во кој целосната тематика на ентериерот е тоалет или бања.

bi-jadele-li-vo-toalet-restoran-01

Ова е првиот ваков тематски ресторан во Америка, кој има за цел да даде еден поинаков амбиент на сè што е досега видено. Вакви ресторани веќе има во Јапонија и Кина каде одлично се прифатени и посетени. Па, очигледно трендот продолжува да се шири.

bi-jadele-li-vo-toalet-restoran-1

Што можат да очекуваат Американците доколку го посетат ова ново место?

Кога ќе влезете во кафе барот ќе ги видите ѕидовите на кои има вистински, но за среќа нефункционални тоалетни школки. Во просторијата за вечери се поставени тоалетни маси и декорирани тушеви.

bi-jadele-li-vo-toalet-restoran-4

Садовите во кои се служи менито се исто така додатоци за во бања, а секако и на менито се наоѓаат специјалитети кои имаат имиња како нешто што доаѓа од тоалетите: „black poop“ (чоколаден колач), smells-like-poop“ (потпечен ориз), „bloody number two“ (колач од ванила и јагода). Сепак, за среќа се вкусни. Но потребна е храброст да се нарачаат и пробаат.

bi-jadele-li-vo-toalet-restoran-3

Оние кои се заинтересирани за да пробаат нешто ново, овој ресторан е отворен секој ден од 11 часот наутро до 11 часот навечер.

bi-jadele-li-vo-toalet-restoran-2

Пријатен апетит!

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 женски и 10 машки предлог имиња за дечиња родени во лето Летото е веројатно еден од најубавите периоди за нови почетоци. Топлото време, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg