Што да испробате до крајот на овој месец?

За да го немате она чувство на уште еден залудно изминат месец, ова се наши идеи како можете да направите нешто корисно.

sto-da-napravite-do-krajot-na-ovoj-mesec-01

Еве како месец октомври може да ви биде најдобро запаметениот до сега.

Испробајте нов моден тренд - Обојте ја косата, скратете ја должината, купете капут во силна боја, моторџиски чизми и што и да ви падне на памет. Животот е премногу краток за да го живеете монотоно!

Дегустирајте храна од странски кујни - Тестенините заменете ги со нешто поегзотично. Испеченото место заменете го со слатко-кисели специјалитети, а овошјето наместо свежо, практикувајте го во некој нов, необичен десерт.

Посетете блиско, а ново место - Постојат милион места во близина на вашето живеење, кои никогаш ги немате посетено. Низ глава ви прелетаа минимум 3? Одберете едно и упатете се кон него уште денес.

Запишете краток курс - Никогаш не е доцна да научите нови нешта. Искористете ја шансата и усовршете нова вештина!

Започнете да вежбате - Ако цело лето не успеавте да вежбате заради превисоките температури, есента е идеална за ваква активност. Вратете се во форма и обликувајте го телото!

sto-da-napravite-do-krajot-na-ovoj-mesec-03

Срушете некој сопствен рекорд - Размислете во што сте најдобри, а одамна не сте го правеле и надминете се себеси. Натпреварот со себе ќе ви годи во било кој дел од денот и месецот.

Започнете да пишувате - Ако сте талентирани, само уживајте во хармонијата на листот и пенкалото, а доколку до сега не сте имале шанса да проверите колку сте ја усовршиле оваа активност, сега е идеално време за тоа.

Волонтирајте - Одвојте барем малку од своето скапоцено време и направете добро дело.

Откажете се од телевизијата, во чест на готвењето - Експериментирајте и изненадете се себеси и блиските околу вас. Еве еден рецепт кој мора да го испробате оваа есен.

Згрижете домашно милениче - Пред температурите да се спуштат под нулата, помогнете му на некое животинче чија надеж се само хуманите луѓе како вас. Зимата ќе ја минете заедно, греејќи се во неговите искрени прегратки.

sto-da-napravite-do-krajot-na-ovoj-mesec-02

Би можело да ве интересира:

22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg