Еве како се наоѓа работа: со клипче на YouTube до работа од соништата

Понекогаш треба да бидете навистина уникатни и да се издвоите од толпата која чека ред за работа, пари, кариера. Дури и ако треба да бидете саркастични, иронични, но и генијални за сето тоа да го смислите на начин што не може да биде одбиен.

so-video-molba-do-posakuvanata-rabota-01

Ако покажете дека од вашата лоша состојба знаете да направите вистински пресврт и тоа да го понудите во некоја форма, нема причина да не добиете шанса истото да го примените и на работното место.

Во потрага по работа, Алекса Таталовиќ од Карловац снимил духовито видео во кое ги покажува сите свои вештини, трикови, способности и интелигентни идеи поради кои смета дека треба да го примат на работа во хрватската фирма „Драп“, кон која се обраќа на крајот од видеото. Истото го поставил на YouTube, а тоа преку Фејсбук почнало да се шири.

Кога видеото надминало 10.000 прегледи од агенцијата „Драп“ се заинтересирале за интересното момче кое сите го поддржуваат, па иако немале објавено никаков конкурс за работа, сепак поставиле линк на својата Фејсбук страница со прашање: „Да му дадеме ли шанса?“ Овој статус добил над 1000 „лајкови“ и над 100 позитивни коментари, па решиле да го повикаат на разговор.

so-video-molba-do-posakuvanata-rabota-1

По разговорот, тие на својата страница објавиле дека Алекса од Карловац добил работа како copyrighter junior.

Ова е одличен пример како креативните и храбри луѓе, иако немаат врски или работно искуство, можат да најдат работа користејќи ги своите идеи и интернетот. Приказна која ја враќа надежта и ги поттикнува младите да бидат храбри и упорни. Најдобрите победуваат.

Погледнете го видеото и смислете слично или подобро, доколку барате работа

Би можело да ве интересира:

22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg