Сакате навистина да пливате во пари?

Ако некогаш сте сакале да бидете како Паја Паторот и да пливате во пари, а во џебот да ви се моткаат неколку милиони долари, сега може да ги остварите своите детски сонови.

sakate-navistina-da-plivate-vo-pari-01

Некои сакале да бидат астронаути, други пак возачи на автомобилски трки, а имало и такви кои сонуваат да имаат толку многу пари, па да можат и да пливаат во нив.

За некои останале детски сни, а на некои им станале и животна мисија.

Сега, конечно, имаат можност тоа и да го доживеат! Една швајцарска банка го преуредува својот простор во Базел со тоа што се ослободува од стотина години стариот трезор, заедно со дури 8 милиони швајцарски рапени, монети од по 5 центи.

Станува збор за 15 тони метални парички, вредни околу 450 илјади американски долари.

Но, вредноста на парите не е важна, бидејќи аукциската куќа James Edition пред сè продава можност да лежите, пливате и да играте во огромен куп пари.

Понекогаш и цртаните филмови може да станат вистина. Потребна е само креативност, имагинација и вештина.

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg