5 начини за да ги искористите недогорените свеќи

Мирисните или декоративни свеќи секојдневно се користат и се дел од речиси секој дом. Особено во овој новогодишен и божиќен период кога се наоѓаат на секоја трпеза или како интересни новогодишни украси кои создаваат посебна атмосфера и топлина во домот.

5-nacini-za-da-gi-iskoristite-nedogorenite-svekji-01

Токму сега, може многу свеќи да ви останат недогорени, а сепак недоволно привлечни за повторно да ги ставите на некоја маса. Затоа, може на неколку начини да ги искористите старите свеќи.

1. Подмачкување

Со восокот може да се подмачкуваат многубројни работи во домот кои шкрипат. Така, на пример можете да го користите за подмачкување фиоки кои шкрипат. Со свеќата поминете по краевите на фиоките. По премачкувањето многу полесно ќе се лизгаат и ќе се затвораат.

2. Нова свеќа

Повеќе недогорени свеќи може да ги стопите и да направите целосно нова свеќа. На тивок оган во еден сад растопете ги сите преостанати свеќи додека не бидат потполно течни, а потоа имате неколку можности за повторно да ги користите.

Прво земете фитиљ, кој може да се купи во продавниците и ставете го во восокот. После секое вадење на фитиљот од восокот, почекајте неколку секунди за првиот слој да се излади. Доколку ве загрижуваат измешаните бои на свеќата, можете одделно да ги топите свеќите со иста боја.

5-nacini-za-da-gi-iskoristite-nedogorenite-svekji-2

3. Лепило

Доколку ви е потребен восок за да ја залепите или зацврстите новата свеќа на некое одредено место, старите недогорени свеќи може да ви помогнат, така што ќе ги запалите додека малку се стопат и ќе капнете неколку капки восок на она место каде што сакате да ја залепите свеќата.

4. Заштита за обувки

Еден од најстарите начини за одржување на кожните чевли е премачкување со восок. Восокот е добар за заштита на чевлите од вода. Восокот треба да се стопи на тивок оган и со крпче мацнато во растопениот восок премачкајте ги чевлите. Треба да бидете внимателни кога го правите ова за да не ви се залепи восокот на чевлите.

5. Заштита на коверти

Иако интернетот е денес главен, сепак некои пратки сè уште се праќаат во коверти преку пошта. Најдобра заштита дека нема да биде отворен ковертот кој го испраќате е да капнете неколку капки восок на местото каде што се затвора.

5-nacini-za-da-gi-iskoristite-nedogorenite-svekji-1

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Најубавите машки и женски имиња на буквата „Л“ кои значат нежност, светлина и заштита Едно од најпопуларните машки имиња на светот, Лука, во превод значи „светлост, с...
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg