Не се заљубувај во девојка која патува!

Таа е девојка со бушава, несредена коса избледена од светлината на сонцето. Нејзината кожа е далеку од совршена. Не е допрена од сонцето, туку изгорена од неговата жештина. Но, за секој белег кој го има на неа, има и по една интересна приказна за раскажување.

ne-se-zaljubuvaj-vo-devojka-koja-patuva-01

Не се заљубувај во девојка која патува. Таа е тешка за задоволување. Обичната вечера или филмскиот состанок во трговскиот е нејзина голема казна, не задоволство. Нејзината душа трага по нова возбуда, нова авантура!

Таа нема да биде импресионирана од твојата нова кола или твојот скап часовник. Таа попрво ќе се искачи на врвот на светот или ќе скокне од авион, само за да го почувствува адреналинот и она треперење на срцето.

Не се состанувај со девојка која патува, таа постојано ќе ги пресметува вашите излегувања во патувања. „Дали знаеш каде можевме да одиме со тие пари?“ ќе стане секојдневие.

Факт е, таа никогаш нема да се согласи на постојана работа. Или барем постојано ќе сонува за отказ. Таа не планира да работи за некој друг да го живее сонот!

Девојката која патува живее од дизајнирање, пишување и фотографии. Креативноста и имагинацијата се она неопходното, што и треба како воздух, а не парите.

Не се заљубувај во девојка која патува, таа има одбрано непредвидлив живот. Таа нема план или постојана адреса. Таа ги следи желбите и што е најважно - срцето!

Танцува онака како што сака. Кога брановите и сонцето ја повикуваат, целиот свет запира.

ne-se-zaljubuvaj-vo-devojka-koja-patuva-03

Не се врзувај со неа освен ако не си подготвен да се соочиш со искреноста и спонтаниот тек на животот. Таа никогаш нема да се обиде да ги освои твоите родители, ниту пријатели.

Таа добро знае што е почит, но не е исплашена да застане зад себе, зад своите ставови мисли. Тоа е нејзината должност, да се почитува себеси пред другите.

Таа никогаш нема да чувствува потреба од тебе. Таа знае како да се снајде и без твоја помош. Знае да готви и нема потреба да и ги плаќаш оброците.

Самостојна е и не се грижи дали и ти си светски патник или не. Ќе заборави да се пријави кога ќе пристигне онаму каде што тргнала. Разбери, таа презафатена со сегашноста.

Навикни се, зборува и се забавува со непознати. Запознава нови, интересни лица низ светот кои ги делат нејзините страсти и соништа.

Затоа, никогаш не се заљубувај во девојка која патува, освен ако не можеш да живееш по нејзино темпо.

И ако ненамерно се заљубиш, не се обидувај да ја задржиш. Пушти ја да живее. Слободно! Без граници!

ne-se-zaljubuvaj-vo-devojka-koja-patuva-02

Би можело да ве интересира:

7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg