Како се прославува кинеската Нова година?

Петнаесет дена славење , изнајмување момче, спектакуларен огномет, забрането туширање, облекување црвена гардероба и пудинг од ориз се само некои од интересните обичаи за кинеската Нова година.

nova-godina-vo-kina-e-na-31-januari-doznajte-gi-site-interesni-obicai-01

На 31. јануари Кинезите ја дочекуваат лунарната Нова година, сите се собираат и се враќаат од сите краеви на светот, за да бидат заедно околу 2 милијарди луѓе. Тогаш е општ хаос и метеж, но и убав период за оние кои ги следат сите традиционални обичаи во кои уживаат цели 15 дена.

Година на коњот

Танцот на змејот и подарувањето црвени коверти со пари ќе ја одбележат ноќта на 31. јануари ширум светот, каде што има Кинези. Тогаш почнува кинеската Нова година.

Во Кина, овој настан се нарекува и Пролетен фестивал или Лунарна Нова година, бидејќи тогаш почнува годината според лунарниот календар, во однос на циклусите на месечевите мени.

Од крајот на јануари до средината на февруари слават Кореја, Виетнам и Јапонија. За секоја година Кинезите имаат одредено по едно животно – заштитник или симбол. Оваа година е година на коњот.

nova-godina-vo-kina-e-na-31-januari-doznajte-gi-site-interesni-obicai-1

Хаос во сообраќајот

Една од вообичаените работи кои се случуваат за време на секоја прослава за кинеската Нова година е сообраќајниот хаос кој настанува насекаде бидејќи најголемиот дел од Кинезите кои се во дијаспората се враќаат во домовите за да се видат со своите блиски. Преполни автобуси, премногу автомобили, недоволно билети, потрошени часови во чекање по станици и сето тоа за да бидат со оние кои ги сакаат.

15-дневно славење

Кинеската Нова година не се слави само еден ден, туку дури 15! Оваа година крајот на фестивалот се поклопува со Денот на вљубените на 14. февруари.

Забрането е чистење и перење

Првиот ден од лунарната Нова година е забрането чистење. Станува збор за сезона на суеверија и забрането е туширање и перење. Исто така, не се фрла ѓубре. Суеверните веруваат дека со перењето на првиот ден „ќе се измие и среќата и напредокот“.

Вториот ден од фестивалот е посветен на семејството. Тој друг ден се смета за почетокот на новата година.

nova-godina-vo-kina-e-na-31-januari-doznajte-gi-site-interesni-obicai-2

Изнајмување момче

Лунарната Нова година може тешко да им падне осаменоста, особено на девојките, бидејќи тоа е прилика во која роднините и семејството ги поставува вообичаените прашања како: Кога ќе се омажи? Кога ќе има свадба? Зошто нема момче? Така било отсекогаш, кај нас така е и денес, но Кинезите смислиле начин за да се ослободат од тоа. Младите Кинескињи можат да изнајмат момче за 80 до 1.400 американски долари дневно, а за тоа добива: прегратка, држење за раце и бакнеж за добра ноќ во образ. Дополнително се плаќа излегување на вечера или одење во кино.

Огномет

Легендата вели дека чудовиштето Нијан – пола змеј, пола лав, излегува од својата скривница и ги напаѓа луѓето токму на лунарната Нова година. Понекогаш луѓето палеле стебленца бамбус за да го избркаат чудовиштето. Денес се организираат спектакуларни огномети во Хонг Конг, Пекинг...

Сè е црвено

Чудовиштето Нијан исто така се плаши од црвената боја, па затоа за кинеската Нова година речиси сè е црвено. Црвената е боја на сонцето и симбол на силата, крвта и животот, па и боја на огнот со кој се истерува змејот и симболизира топлина и славење.

За оние кои се родени во годината на коњот, а кои ова година слават 12-ти, 24-ти, 36-ти, 48-ти, 60-ти, 72-ти, 84-ти или 96-ти роденден, црвената долна облека е задолжителна, бидејќи ги штити од лоша среќа.

Храна

Во центарот на вниманието е и храната, а особено е важно да се јадат многу слатки, бидејќи се сметаат за можност да се заслади новата година. Традиционално се јаде пудинг од ориз, кандирано овошје и семки.

nova-godina-vo-kina-e-na-31-januari-doznajte-gi-site-interesni-obicai-3

Би можело да ве интересира:

5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg