6 работи кои би си ги кажале ако можете да се вратите во минатото

Кога би можеле да си пренесете некоја порака на себе во дваесеттите години, сигурно би се посоветувале дека мислењето на другите не е најважно, да не се нервирате за работите кои не можете да ги промените и дека не вреди да се грижите за тоа што ќе правите по 10 години.

6-raboti-koi-bi-si-gi-kazale-ako-mozete-da-se-vratite-vo-minatoto-01

Aко сè уште сте во тој период, има 6 совети кои може да ги примените уште сега:

1.Работите кои не можете да ги промените

Зошто да жалите за нештата што се случиле пред многу години и не можете да ги промените? Единствена работа која може да ја направите во врска со тоа е да ја научите грешката. Таквите информации може само позитивно да влијаат на вашата сегашност или иднина.

2. Мислењето на другите

Други се сите оние кои не ви се блиски или никогаш не сте ги запознале лично. Зошто би ве интересирало што мислат некои непознати луѓе за вас, ако вие сте среќни со она што ви се случува? Па, дури и оние кои ги познавате не треба да ги сфаќате премногу сериозно. Добро е да го слушнете нивното мислење, но само вие може да ја донесете одлуката.

3. Мислењето и приказните за поранешното момче/девојка, пријатели

Ако вределе би биле сè уште тука, зар не? Исто така, луѓето секогаш ќе зборуваат, што и да направите. Ако на тоа не можете да влијаете, зошто би се нервирале? Најчесто озборуваат оние кои нивниот приватен живот не ги исполнува.

6-raboti-koi-bi-si-gi-kazale-ako-mozete-da-se-vratite-vo-minatoto-1

4. Живот според очекувањето на семејството

Родителите се најважните личности во нашиот живот, кои со години финансиски и емоционално стоеле зад нас. Сето ова создава чувство дека мора да ги исполниме нивните очекувања. Но, сетете се дека тука се работи за различни генерации со различни идеи за успехот. Послушајте ги советите, но на крајот донесете своја одлука. Со текот на времето ќе ве поддржат и во она што на почетокот не се согласувале.

5. Споредување

Една од најлошите работи кои луѓето си ги прават е споредување со другите, бидејќи тоа никогаш нема да ја промени ситуацијата во која се наоѓате. Единствена личност со која може да се споредувате сте „старите вие“. Останатото нема апсолутно никаква смисла, бидејќи сите се различни. Единствено може да бидете подобри или полоши од себе.

6. Каде ќе бидете за 10 години

Важно е да имате барем некаков план за иднината, но и да бидете свесни дека работите сигурно ќе се променат во текот на големиот временски период. Но, промените не се лоши. Тие се само причина за повторно насочување на вашиот пат. Ќе најдете работа, ќе имате неколку вистински пријатели и сигурно нема да останете сами.

Што би си кажале вие ако можете да се вратите во минатото?

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg