10 работи кои не сте ги знаеле за Фејсбук

Најголемата социјална мрежа во светот во изминативе 10 години успеала да сокрие барем 10 тајни кои дури сега полека се откриваат.

10-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-facebook-01

1. Фејсбук има сина боја затоа што Цукерберг е далтонист

Основачот на оваа социјална мрежа не може да ја разликува црвената од зелена боја, додека најлесна за распознавање му е сината боја и нејзините различни нијанси.

2. Пребрарување и насока

Корисниците на Фејсбук можат да го користат пребарувањето на повеќе од 70 јазици, но овозможено е и пребарување на превртен англиски јазик.

10-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-facebook-5

3. Обама „го натерал“ Цукерберг да носи одело

Основачот на Фејсбук е познат по тоа дека носи фармерки и блузон со капа за секоја пригода, но кога се запознавал со претседателот на САД за прв пат во животот облекол одело. Обама тогаш се шегувал дека само тој успеал да го натера да носи одело.

4. Yahoo сакал да го купи Фејсбук за милијарда долари

Во Јули 2006 година Yahoo му понудил на Цукерберг милијарда долари, но тој ги одбил со изговор дека нема да знае што да прави со нив. Фејсбук денес вреди 153 милијарди долари.

5. Секоја секунда се поставуваат повеќе од 4.000 фотографии

Корисниците секој ден на Фејсбук поставуваат по 350 милиони фотографии, а според едно истражување, во септември поставени се преку 250 милијарди фотографии.

10-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-facebook-02

6. Исланд сакал да напише устав преку Фејсбук

Граѓаните на Исланд го напишале својот устав преку Фејсбук. Тоа е единствен ваков случај во светот, предизвикан од кризата која изби пред 5 години. Документот е укинат минатата година.

7. Три четвртини од британските корисници имаат пијани слики

Истражувањето спроведено од страна на YouGov покажало дека дури 75 отсто од корисниците на Фејсбук во Велика Британија имаат фотографии на кои се гледа дека се пијани.

8. Цукерберг не го сака Твитер

Иако е член на оваа мрежа, односно има профил кој го следат речиси 300.000 корисници, за 5 години напишал само 19 твитови.

9. Фејсбук ангажира ловци за грешки

Како и поголем број од компаниите, Фејсбук ги наградува програмерите кои ќе пронајдат грешка во безбедноста на нивната мрежа. Минималната награда е 500 долари, а најголемата која до сега ја исплатиле е 33.500 долари.

10. Третина од разводите се заради Фејсбук

Пред 3 години третина од паровите во Велика Британија ја навеле оваа социјална мрежа како причина за развод, односно пораките и коментарите кои ги нашле на истата.

10-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-facebook-03

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg