5 совети со кои ќе ја зголемите вашата самодоверба

Често се случува да ја изгубиме самодовербата и да дозволиме туѓите влијанија да ни го одредуваат секојдневието. На тој начин само бесцелно ни поминуваат деновите и стануваме сè повеќе деструктивни. Мислиме дека така е нормално и треба само од себе да помине.

5-soveti-so-koi-ke-ja-zgolemite-samodoverbata-1

Не! Застанете цврсто и гордо на земја, размислете за себе и својот живот и во истиот момент сфатете колку вредите! Во следниот момент покажете им го тоа на сите.

Се разбира дека ви се важни другите луѓе, но понекогаш треба да мислите и на себе и на својата среќа, пред останатото.

Следете ги овие 5 едноставни животни совети за да внесете позитивни емоции и размислувања во својот живот. Зајакнете ја психата и самоувереноста за да бидете целосно среќни.

1. Оставете го

Оној кој вас не ве почитува, ве лаже и ве прави онаква личност каква што не сакате да бидете, оставете го. Признајте си себе каков навистина е тој човек. Сигурно не сакате да бидете со некој за кој важи категоријата идиот.

2. Ослободете се од лажните пријатели

Сите оние кои ви ја трошат и одземаат енергијата. Колку сме повозрасни и имаме повеќе обврски, толку помалку време имаме за оние кои ни се важни, а уште помалку за оние кои ако подобро размислиме и не ни се неопходни.

3. Престанете да се оптоварувате со лошите коментари

Коментарите предизвикуваат љубомора. Додека другите зборуваат и тоа е она што најчесто и најмногу го прават во животот, вие работете на себе и бидете уште поуспешни во она што сте го намислиле. Не се правдајте. Злобните коментари треба само повеќе да ве поттикнуваат за да продолжите, а не да се обесхрабрувате.

5-soveti-so-koi-ke-ja-zgolemite-samodoverbata-2

4. Научете да возвратите

Не секогаш, туку само во одреден момент. Како вистинска дама и со стил. Само така ќе покажете дека знаете што правите и дека нема да се откажете. Но, никако не трошете премногу време на тоа и не се спуштајте на туѓото ниво.

5. Изјаснете се

Научете да им кажете на другите што ви пречи. Размислете за тоа што ќе постигнете со молчењето? Апсолутно ништо, освен подолго нервирање околу нешто што нема да се промени само од себе. Затоа, најдобро е јасно да ги кажете своите размислувања, ако сакате да заштедите на време и нервози.

Би можело да ве интересира:

8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg